Дарио дуплата вотка ја смени со пиво, опуштено ужива во убаво друштво (ФОТО)

0

Кога ќе се спомене името на Дарио Панковски, прва асоцијација е можеби песната Дупла вотка, но и уште многу епски кои ги има испеано сам и со Миг 21.




– Реченицата „Ако силно посакам“ е една универзална реченица, една универзална мисла која би требало секој да ја знае, да верува во неа и да ја чувствува. Тоа не е некаква демагогија или некаква филозофија, едноставно мора нешто силно да сакаш и вистински да го посакуваш и да биде нешто нормално за да очекуваш и да ти се оствари.

Тоа е една позитивна мисла, а јас сакав да направам еден позитивен албум, еден позитивен текст, имав една позитивна идеја во целиве овие мрачни времиња.




Јас во тие времиња сакав да бидам една мала ѕвезда за малку да им дадеме надеж на луѓево дека не е сѐ така црно и сиво и дека нешто сосема мало може да го осветли сивилото“, рече Дарио во интервју за Фешенл, за својата песна „Ако силно посакам“.




За жал, денеска не се прават такви песни и не можат да се прават, ни јас не правам такви. Времето е комплетно сменето, психологијата на луѓето е сменета, размислувањата ни се сменети, погледите на светот се променети.

Денеска се занимаваме и се плашиме од разни глупости кои пред 20, 30 години не постоеле и не сме ги ни знаеле. Тогаш бевме многу порелаксирани и тоа е евидентно, тогаш имаше такви песни, такви убави хитови кои и денеска се евергрини.




Мислам дека сѐ потешко и потешко е да се прават такви песни затоа што комплетните размислувања и времето не ти дозволуваат да се опуштиш и да размислуваш во некој позитивен правец како што порано го правевме тоа“, додаде Дарио.




Дарио во 2018 и во 2019 година, постигна голем успех на Хрватскиот пазар, со хрватската верзија на песната “Што е мое ќе си дојде”, која произлезе како резултат од успешната соработка со една од најпознатите мотивациски говорници на Балканот, Ана Бучевиќ.




Дарио сними уште една своја македонска песна на хрватскi јазик. Станува збор за песната “Жена за милијун година”.

Пејачот кој ги испеа „Дупла водка“, „Косоока“ и мнигу други е долги години успешен на музичката сцена, а успешен е и како сопруг на Бојана и татко на две деца кои се веќе возрасни.




– Таа песна е посебна бидејќи најверојатно излезе во вистинско време. Музиката е моја, текстот е на Тоше Поп Симонов, а приказната е навистина интересна. Јас имам напишано еден текст за оваа песна, кој беше прилично социјален, тежок текст, но Тоше ми го фрли листот, отиде горе и напиша нов за два часа само со наслов „Дупла ‘жта“. Јас му реков дека нема шанси да ја пеам оваа песна со ваков наслов, не ми личи мене тоа.




Два дена размислувавме каков наслов да има песната – виски некако не одеше, бидејќи во тоа време виски пиеја само одредени луѓе и не сакавме да биде нешто надмено, ж’та ми беше многу кафански, и на крај ја одбравме идеалната комбинација – вотка. Вотка пие секој и има за сечиј вкус и џеб. Бескрајно сум му благодарен на Тоше за тој текст“, рече Дарио за својата позмата песна.




Тој сега сними нова песна за која рече дека била малку хумористична, а се вика Кој чека ќе дочека.

Како и секој нормален човек, најмногу чекав и сè уште чекам да се релаксира целава ситуација и да почнеме со нашите професионални активности, изјави Дарио за Женски магазин.

Дарио се јави од Битола каде што пеел на концерт за едно со Хари мата хари и со Сергеј Четковиќ, и објави видео какоја пеат Битола мој роден крај. Потоа, објави слика во опуштена дружба, со пивце, а до него се Хари и Ѓоко Танески.




-Лепо друштво на окупу. Бекстејџ со почитуваниот коелаг Хари Варешановиќ и мојот голем другар Ѓоле, златно дете охридско“, напиша Дарио.

Претходна статијаБиба Додева објави слика со својот партнер за танц (ФОТО)
Следна статијаНоне покажа каде работи на брод, луксузот ѝ личи (ФОТО)