Д-р Нико Беќаровски: Јас да си кажам, бидејќи многумина се опседнати со потребата за подобрување на својот имунитет

0

Завчера д-р Драган Даниловски, а денес д-р Нико Беќаровски со предупредување до граѓаните, околу правилната употреба на суплементите кои не доаѓаат од природни извори.

-Прејакиот имунолошки систем може да биде исто толку штетен, колку и преслабиот!

Тука само ќе го спомнам ризикот од настанување на опасната по живот „цитокинска бура“. Таа е последица токму на претераната стимулација на имунолошкиот систем, што доведува до автоимуни реакции… и „бура“… и многу често – лош исход…

На другиот екстрем е преслабиот имунолошки систем. А тој таков станува, ако му се уништи „центарот“ за регулација – цревната бактериска флора. И видовме дека тоа многу успешно се постигнува со некритичното земање антибиотици. Но, тоа не е тема на текстов.

Како да постигнеме избалансиран имунолошки систем? Со имуномодулатори од типот на изопринозин, кверцерин, бета глукани и слични препарати? Со „цинкови„, „селени“, витамини (Ц, Д и Б)?

Никако не! Зошто? Затоа што тоа нема никаква смисла! Затоа што нема да умееме да процениме кога е доста! Затоа што лесно може да пречекориме во „црвената зона“.

Зошто не со суплементи? Затоа што само со користење на природни извори – храната, никако не е можно да се предозираат витамини, минерали…. И само преку храната не е можно да се претера со стимулацијата на имунолошкиот систем, напиша завчера за порталот Доктори.мк д-р Драган Даниловски.

Д-р Нико Беќаровски со слични и уште поконретни пораки:

„ЦИНKманија. Од почетокот на пандемијава сите сме опседнати со потребата за “подобрување на својот имунитет”. За таа цел како главно оружје е зголемениот внес на суплементи, односно витамини и минерали.

Цинкот како микроелемент неопходен за преку 300 ензимски процеси во организмот, е еден од најчесто користените суплементи во изминатата година. Максималните дозволени дневни дози одат до 40мг, а вообичаено најголем дел од нас внесуваат таблети од 15 мг, со што сме убедени дека нема да настане предозирање, односно тру ење со цинк.

Тоа што го забораваме, а за жал и голем дел од моите колеги забораваат да Ви го кажат е да го вкалкулирате и внесот на цинк преку храната.

Малкумина знаат дека 100 грама црвено месо задоволува 44% од дневните потреби на цинк. 100 грама морски плодови, ракчиња, школки, остриги може да задоволат 130-430% од дневните потреби, 100 грама леблебија, леќа, грав, грашок ќе задоволат третина од Вашите дневни потреби, а 100 грама семки од тиква, ленено семе, различни јатки ги задоволуваат во целост Вашите дневни потреби од овој есенцијален микроелемент.

САМО 3 жолчки од јајца комплетно ги задоволуваат дневните потреби. Токму поради сето горе напишано и големата хронична употреба на суплементи од цинк може да дојде до ПРЕДОЗИРАНОСТ односно ТРУ -ЕЊЕ со цинк.

Веднаш да напоменам дека при внес само на храна НЕ МОЖЕ да дојде до предозираност со цинк, без оглед на внесената количина, бидејќи организмот има создадено механизми за отстранување на евентуалниот вишок. Исклучок е внесот на школки, каде се опишани тр -уења со цинк при екстензивен внес.

Сите тр уења со цинк се поврзани со внес на суплементи и храна. Кои се знаците за предозираност со ЦИНК ???

Мачнина, гадење, повраќање, течни столици, замор, малаксалост, субфебрилни температури, главоболка, метален вкус во устата, сува кашлица. При подолготрајна предозираност, може да доведат и до сидеропенична анемија, намалување на добриот холестерол (HDL) и супримираност на имунитетот.

Наједноставен начин да ја спречиме оваа појава е деновите, кога имате доволен внес на храна богата со ЦИНК, заборавете го апчето.“

Претходна статијаИгор Џамбазов објави што ѝ се случило на Илина
Следна статијаЕли Танаскоска тагува по ќерката во Канада: Ми иде да прелетам океан и да те гушнам толку силно