Игор Џамбазов објави што ѝ се случило на Илина

0

Илина Арсова е девојка за сè. Своите планинарски подвизи, првата македонска која се искачи на Монт Еверест ги опиша во книгата „Планинарење“ која ја објави минатото лето.

„Планинараење“ е нејзината прва книга, која е прирачник за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за планинарските спортови. Во оваа книга ќе најдете информации за „Sky running“ и Алпинизмот како сродни активности на планинарењето.

Затоа што е девојка за сè, во неа се вљуби Игор Џамбазов, нашиот најпознат шоумен и актер. „Таа е се што имам. Таа е се што немам.

Таа денес полни 38 лета“, вака Игор ја опиша Илина летово на Инстаграм за нејзиниот роденден.

Игор за роденден ѝ подари специјално дизајнирани обетки. Целoто лето минатата година, парот го помина заедно, прво во Дојран, кој му е втор дом на Игор, па потоа во Западна Македонија на нејзина желба, по планинските места, најмногу во село Јанче, дебарско.

„Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот“ раскажа Џамбазов за „Бексјетџ“.

„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.

Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години.

Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот“ – изјави Илина во една прилика за Женски магазин.

Во една своја објава на социјалните мрежи, Илина покажа дека ја бива и за мајсториски работи.

„Девојките имаат тенденција да трошат богатство, и а поминуваат безброј часови во салоните за да се направат убави. Во меѓувреме, постојат практични вештини што можете да ги научите и да бидете жена.

Ништо подобро од тоа да бидете способни сами да користите алатки и да санирате работи.

Особено ако сте за рециклирање, одржлив начин на живот и родова еднаквост, овој ги опфаќа сите“ напиша таа.

Џамбазов во една прилика рече дека толку ја сака Илина, што таа oд него побара една необична желба, да ја сака помалку.

Игор во своето ново стори објави што ѝ се случило на Илина. Имено, некој го има „хак-нато’, нејзиниот Инста профил, и Игор на неговиот Инстаграм ја извести јавноста.

– Дечки, некој го хак -нал профилот на Илина Арсова. Сите пораки што ќе ви стигнат не се од Илина, туку од иди -отот што го ха -кнал. Ве молам, пријавете и бло -кнете. Игор“.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСека Алексиќ откри за што најмногу се кае во животот: Понекогаш се слушавме само еднаш во годината
Следна статијаД-р Нико Беќаровски: Јас да си кажам, бидејќи многумина се опседнати со потребата за подобрување на својот имунитет