Ели Танаскоска тагува по ќерката во Канада: Ми иде да прелетам океан и да те гушнам толку силно

0

Ели Танаскоска е долги години едно од заштитните лица на Македонската радио телевизија, водителка и новинар што ја сакаат сите генерации. Ели во моментов ја води емисијата „Неделен магазин“.

Во едно интервју за „Точка“, Ели зборуваше за себеси и она што ѝ го исполнува времето.

-Сум имала различни занимации и сега дури ми е чудно како сум можела сето тоа да го правам. Од собирање на салфетки, до сликање, пишување поезија, љубовни романи.

Сега немам баш толку слободно време, но можам да кажам дека храната ми е хоби. Кујната е моето царство и таму навистина се чувствувам како кралица.

Сега ќе откријам една тајна. Велат до генот е, да, но и до желбата како сакаш ти да изгледаш.

Промената можеш да ја направиш однвнатре. Треба само силен мотив и промената ќе дојде сигурно. Јас цел живот спортувам, практикувам пилатес секојдневно“, рече новинарката.

Ели за ММС.мк изјави дека нејзината најголема гордост е внуката Изабела, од нејзината постара ќерка Симона.

Ќерката живее во Канада, и Ели е тажна што со внуката не може да се гледа често, но комуницираат редовно, и таа ѝ раскажува приказни онлајн. Ели има уште една ќерка, Леона.

– Толку години, мојата душа е поделена на две. Кога овде изгрева, таму спијат, кога таму заоѓа, јас чекам вибер. На вибер раскажувам приказни, всушност измислувам. Таа заспива со мене.

Понекогаш, враќајќи се од работа знаев да се паркирам и од кола да раскажувам“, рече Ели за ММС.

Таа откако ѝ се роди внуката се подмлади и сосема го смени својот изглед. Ели раскажа дека кога ќерката си заминала во Канада, и го загубила татко ѝ, тагата ја конпензирала со храна.

Потоа, решила да ја скрати косата и да се ослободи од вишокот на килограми.

„Еден момент се будиш и велиш, промената е во тебе, клучот е во тебе“, изјави Ели.

Водителката денес изгледа поубаво и помладо од било кога, што го докажа со последните свои појавувања на телевизија.

Ќерката на Ели, Симона која живее во Канада денес слави роденден, а мајката со преемотивна честитка ѝ се обрати на својата сакана ќерка:

-Ружичка миризлива, око мое весело и секогаш насмеано, Симонче мајкина. Ти го обои цело небо, кога станав мајка.

Да можам, да сум птица, да прелетам океан и да те гушнам толку силно, да престанам да дишам од среќа, и пак да земам воздух да ти кажам, дека те сакам преку небо.

Сакам да си среќна и насмеана, распеана. Да си љубена, како што сите, со цело срце ги љубиш. Среќен роденден, радоснице.

И не случајно одбра да се родиш баш на денов на планетата. Засто си наша Планета. Свети ми, сјајно и радосно, среќо моја. И со првиот авион, да ни се прегрнат душите.

Фото: Јутјуб принсткрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаД-р Нико Беќаровски: Јас да си кажам, бидејќи многумина се опседнати со потребата за подобрување на својот имунитет
Следна статијаОсум години по заминувањето на актерот Бранко Ѓорчев, неговата сопруга во нова животна борба