По интервјуто кое Меган Маркл и принцот Хари ѝ го дадоа на Опра Винфри, а во кое раскажаа многу детали за кралското семејство кои ја изненадија јавноста, од Бакингамската Палата објавија одговор.
„Целото семејство е многу тажно кога дозна дека изминатите неколку години биле предизвик за Хари и Меган.
Споменатите проблеми, особено тој што се однесува на расата, се загрижувачки. Семејството многу сериозно го сфати ова и ќе го реши приватно. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството”, се вели во соопштението на англиската кралица Елизабета.
Меѓудругото, Меган и Хари зборуваа против кралското семејство во ексклузивното интервју, и изјавија дека некои членови на кралското семејство се загрижени за бојата на кожата на нивниот мал син Арчи.
„Имаше загриженост и неколку разговори за тоа колку може да му биде темна кожата кога ќе се роди. Семејството ги имало овие разговори со Хари“, изјави Меган Маркл.
Опра Винфри го праша и принцот Хари за разговорите што ги водел со кралското семејство за Арчи додека Меган била бремена, и дали е вистина дека биле загрижени за бојата на кожата на момчето.
“Никогаш нема да го откријам тој разговор. Беше непријатно и бев шокиран”, рече тој.
Интервјуто на Меган и на Хари беше главна тема ширум светот. Откако беше емитувано, никој не остана рамнодушен на солзите на бремената војвотка од Сасекс додека зборуваше за тра-умите што и ги остави животот во Бакингемската палата.
Во разговорот, Маркл ја спомена и нејзината снаа Кејт Мидлтон, сопругата на братот на Хари и идниот крал Вилијам, за коja тврди дека ја расплакала во пресрет на нејзината венчавка на 19.05.2018 година, што е спротивно на она што тогашните медиуми пишуваа – дека Меган ја расплакала Кејт.
„Не гледав излез. Навечер седев и размислував дека не разбирам што се случува. Сакав да побарам помош, но ми рекоа дека не смеам“, изјави Маркл и рече дека по венлавката ѝ беше одземен пасошот.
Хари ја спомена неговата мајка, пок -ојната принцеза Дајана. „Мојата најголема грижа беше тоа што гледав дека историјата се повторува. Но, ова е многу поопасно. Ги жалам брат ми и татко ми, тие се зало -жници“ рекол Хари.
Но, причината за кавгите во британското кралско семејство е стара повеќе од три години, а започнала уште пред венчавката на Меган и на Хари.
Наводно, Меган не можела да ѝ прости на кралицата Елизабета и на сите други членови на семејството да им прости што не ѝ дозволија до олтарот на венчавката да ја испрати нејзината мајка, Дориа Рагланд.
Меган е во лоши односи со својот татко, а семејството на Хари не попуштило пред желбата невестата до олтар да ја следи жена.
Место мајката, Меган до олтарот ја испрати принцот Чарлс, и оттаму почнале несогласувањата помеѓу Меган и Елизабета.
Во кралското семејство не ја прифатија оваа вест со воодушевување, една жена да ја има традиционалната машка улога на венчавката, објави „Мирор“.
Таткото на војвотката од Сасекс, Томас Маркл не бил повикан на венчавката.
Фото: Јутјуб принтскрин