Од тоа: „Абе ај ништо не ти е, не глуматај, немој да си кажала јавно, ќе ти се смеат”, си патат луѓе

0

Тина Мицковска е портпаролката на Зоолошката градина во Скопје, активист за правата на животните, диџеј и новинар.

Таа на својот Фејсбук објавува постови за несовесните граѓани кои се однесуваат со животните во Зоолошката контра правилата.

Овој пат, Мицковска објави своја лична приказна, која е на некој начин поврзана со животните, но пред се е со неа, а зборува за борбара против анкзиозноста.

– Честопати се прашувате што се случува со некој ваш пријател. Го нема да се јави, кратко ви одговара на пораки или пак често кога и да го викнете да излезете ве одбива со изговор дека е преморен.

Тој пријател сум и јас и мислам дека е време да зборуваме за тоа, затоа што знам дека не сум сама. Многу од нас се анксиозни, ама многу. Некои дури и не се свесни што им се случува. Напорно е човек да се бори со анксиозност, стварно напорно.

Постојан замор, страв, енормно зголемена емпатија и сочувствување со другите, тага, вознемиреност и неможност за често дружење, пан ични нап ади, несоница…

До оваа состојба се доведов од немоќ да помогнам на многу животни во невоља, од неправди, од злобата која ја гледам наоколу и ја осеќам и на своја кожа.

Некои од нас не се навикнати да живеат во ваков свет, не можеме да замижиме пред многу работи.

Некои пак станаа анксиозни поради целата ситуација со пандемијата, некои од страв, а некои после прележан ко-вид.

Ги разбирам сите, затоа што анксиозноста е како најнепожелна личност во околината од оние што прават сплетки и ти го уништуваат животот. Честопати не контролира и ни го ограничува функционирањето.

Но, да не биде се црно, првенствено мора да знаете дека НЕ СТЕ САМИ и дека можете да ја победите анксиозноста. Да, факт е дека треба малку и сами, малку заеднички да се избориме со оваа wannabe господарка на нашите животи.

И не, не е ич срамота да се збори јавно за ова. Напротив, сметам дека треба што повеќе да се крене свеста.

Затоа што од тоа- „Абе ништо не ти е, ај не глуматај, немој да си кажала јавно, ќе ти се смеат”, уште повеќе патат анксиозните луѓе.

Ако понекогаш не сме расположени за дружба или за разговор по телефон не значи дека не ве сакаме, туку дека едноставно сме уморни. Уморни од се.

Ама за среќа научив чекор по чекор да се спротиставувам на анксиозноста. Почесто сум победник во дуелите, иако неколку смр -тни случаи во семејството и меѓу омилените животни ме треснаа буквално од земја.

Покажете ѝ заби, не дозволувајте да управува со вашиот живот, правете работи кои ве прават среќни и дружете се со луѓе кои ве разбираат.

Чим повеќето дуели ги добив, ќе ја добијам и крајната битка. Ме знаете како позитивна личност, таква и ќе останам. И сите вие други (можеби секој втор буквално) кои се борите со ова зло, ќе победите. Само лагано и без предавање другари“, објави Мицковска.

Фото: Фејсбук принтскрин, Freepic

Претходна статијаПознатиот фудбалер: Му реков на брат ми, ја гледаш ли келнерката што не служи – ќе ми биде жена
Следна статијаМеган Маркл и кралицата Елизабета не се поднесуваат многу одамна, ова е причината