Познатиот фудбалер: Му реков на брат ми, ја гледаш ли келнерката што не служи – ќе ми биде жена

0

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ неодамна даде интересно инвервју за еден странски медиум во кој објасни како ја „фатил“ сопругата Ракуел Маури, со која има деца и е во среќен брак.

Фото: Инстаграм принтскрин

Ракитиќ и Ракуел се запознале во 2011. година кога Хрватот имал 23 години. Тогаш тој потпишал договор со Севилја, па кога ги поминал лекарските прегледи заминал во еден бар.

Фото: Инстаграм принтскрин

„Жената која работеше во хотелскиот бар беше.. неверојатна. Таа беше преубава. Ништо друго не знаев да кажам освен `здраво`, зашто само тоа го знаев на шпански. Знаев германски, англиски, италијански, француски и хрватски, но не и шпански“, вели Ракитиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин

„Имам холивудска приказна, вистинска романтична комедија, која всушност е реална. Почнува со еден Хрват кој влегува во бар. Беше тоа 2011 година. Тогаш имав само 21 година.

Фото: Инстаграм принтскрин

Допатував во Шпанија релативно доцна, околу 22 часот. Дојдов за наредниот ден да потпишам договор со Севиља. Беа закажани медицински прегледи и потпишување на договорот. Мојот постар брат Дејан патуваше со мене.

Фото: Инстаграм принтскрин

Кога стигнавме во хотелот, имав вечера со некои луѓе од клубот. Бев нервозен таа вечер, знаев дека нема да можам веднаш да заспијам, па го замолив брат ми да одиме некаде на пијалак.

Фото: Инстаграм принтскрин

Таа вечер ми се промени животот“, вели Ракитиќ и ја продолжува приказната.„Жената која тогаш работеше во барот на хотелот беше… вау.

Фото: Инстаграм принтскрин

Тоа е дел од филм каде што сè оди забавено, ме разбирате? Беше прекрасна. Си реков во себе ок, Севиља, уф, многу ми се допаѓа ова место.

Фото: Инстаграм принтскрин

Не можев ништо да речам освен здраво затоа што не знаев ниту еден шпански збор. Говорев германски, англиски, италијански, француски и хрватски, но не и шпански.

Фото: Инстаграм принтскрин

Се чувствував грозно поради тоа.Го погледнав брат ми и му реков. Ја гледаш ли нашата келнерка? Ќе играм тука за Севиља и ќе се оженам со таа девојка. Брат ми почна да ми се смее. Мислеше дека се шегувам“, вели Ракитиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин

„Барав куќа во Севиља и секое утро одев во барот во хотелот за да испијам кафе и сок, но и да ја видам преубавата келнерка. Сè што знаев за неа беше дека се вика Ракел.

Фото: Инстаграм принтскрин

Таа не знаеше англиски, а јас не знаев шпански“, открива Ракитиќ и признава дека поради неа испил толку кафе што изгледал смешно.

Фото: Инстаграм принтскрин

Меѓу 20 и 30 пати ја повикал убавата келнерка да излезе со него, но таа не се согласила.„Еден ден Ракел конечно ми објасни зошто не сака да излезе со мене.

Фото: Инстаграм принтскрин

‘Ти си фудбалер. Веќе следната година веројатно ќе одиш во друга држава. Жал ми е, но не можам да излезам со тебе’.

Си помислив дека сигурно ме видела како играм, па помислила дека нема да бидам премногу добар и дека Севиља ќе ме продаде на лето. Поради тоа почнав да тренирам за да влезам во првиот тим.

Фото: Инстаграм принтскрин

Ми требаа седум месеци да ја убедам да излезе со мене. На 20 август добив СМС-порака, ‘Во барот е со сестра ѝ на пијалак! Не работи!’ Кој ја испрати пораката, не сакам да откријам.

Фото: Инстаграм принтскрин

Беше тоа нашето прво излегување“, се присетува романтичниот Иван. Иван и Ракел се во среќен брак од 2013 година и имаат две ќерки.

Фото: Инстаграм принтскрин
Претходна статијаПознатите реагираат за полицискиот час – Миа и Сашо Тасевски најдиректни
Следна статијаОд тоа: „Абе ај ништо не ти е, не глуматај, немој да си кажала јавно, ќе ти се смеат”, си патат луѓе