Познатите реагираат за полицискиот час – Миа и Сашо Тасевски најдиректни

0

Владта одлучи да го прифати предлогот на комисијата за заразни болести. Од утре стапува на сила полициски час, со кој се забранува движење на целата територија на Македонија во периодот од 22 до 5 наутро.

Ваквата мерка ќе трае најмалку до 22 март. Одлуката за забрана за движење не важи за патниците коишто доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми.

На нив кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.

Одлуката на донесе Владата на денешната седница, со што го прифати барањето на Комисијата за заразни болести која предложи воведување полициски час поради зголемениот број на заболени од вирусот.

Познатите личности денеска на Фејсбук, скеој на свој начин реагираа на оваа одлкука.

Водителката Миа Костова пак напиша: Ја поздравувам одлуката за новиот полициски час. Тоа е една така осмислена одлука која ќе го смени текот на бројките веднаш штом е тоа возможно.

Оние што и онака се дома во 22 секако ќе си бидат дома. Апел до помладите, треба да почнат да се однесуваат согласно мерките а не да спијат на тоа уво дека афтерот почнува во 4-5 сабајле како во нормалните времиња.

Почнете со тренинг викендов. Афтерот е накај 21:15 после затварање на локалите, групирање до 15 луѓе во 30 квадрата собира. Концентрирајте се на колку ви држи га-зот да не се срамите на сред афтер а треба да се издржи до 05:00! Браво!“

„Кажете му на тој со кучето шо го а псеа лани дека од утре од 22 има полициски час“, напиша писателот, сценарист и Фејсбук активист Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон.

Новинарката Мери Јордановска сподели видео од пријател кој снимил празни скопски улици навечер и напиша:

И после зошто полициски час, еве зошто, глејте што е по улици!“

И актерот Сашо Тасевски се обрати во свој стил: Гилиптери, ќе воведете полициски час и во исто време убедувате дека да ти влезат тројца непознати дома за попис е безбедно!!! Ве знаат од Бардовци дека сте во влада?“.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаНа многумина им капна солза – ученичката Дени на Турунџиева ѝ пее песна за роденден (ВИДЕО)
Следна статијаПознатиот фудбалер: Му реков на брат ми, ја гледаш ли келнерката што не служи – ќе ми биде жена