Елена Велевска: Другар, нели во септември требаше нешто ново, м?

0

Роднини, пријатели, политичари, неговите колеги од естрадата, денес се простуваат од големата другарчина, кој не ја издржа оваа битка. Една од најпознатите наши фолк пејачки, Елена Велевска, открива дека благодарение на Драган Вучиќ го заработила својот прв хонорар.

Таа исто така пишува и за нивниот последен разговор, кога се договарале во септември оваа година да реализираат нов заеднички проект:

,,Многумина пробуваа да те омаловажат,но тоа го правеа луѓе кои не те познаваа. Беше и ќе останеш медиумски маг, човек пред времето, секој телевизиски производ повеќе од успешен, музичар од коj што многумина научија нешто.

Како во музиката,така и во телевизијата беше неприкосновен. Зар треба ова да се случи за да сфатиме што сме имале? Зар е тешко да се почитува некој?

Ако за еден уметник зборуваат делата,за тебе ќе се зборува уште доооолго. Нека ова не поттикне да бидеме подобри и да го почитуваме она нашето.

И ние овде имаме луѓе кои мораме да ги почитуваме додека се меѓу нас…

Другар…. Ми помогна кога започнував,беше првиот кој ми даде шанса и со тебе го заработив првиот хонорар. Беше и ќе останеш голем човек,човек кој несебично беше до мене кога најмногу ми требаше.

Среќна сум што те познавав.Остави многу,за тебе твоите дела ќе зборуваат… А нашиот последен разговор? Септември нешто ново,м?  Ти благодарам за сѐ! Почивај во мир”, напиша Елена Велевска на социјалните мрежи.

Претходна статијаМакедонските хеликоптери паѓаат често – трети МИ-17, втор на МВР во шест години
Следна статијаФилипче: Во следниот период ќе имаме новo Свето тројство