Филипче: Во следниот период ќе имаме новo Свето тројство

0

Како што беше објавено денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти од кои Скопје, Куманово 9, Прилеп 8, Тетово 13, Охрид 1, Гостивар 5, Кочани 1 и Крива Паланка 1

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1. Досега се направени вкупно 17.359 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по чина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441.

Здравствените власти и надлежните тела работат на план за враќање на децата во градинките, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, враќањето на дечињата во занималните ќе биде предизвик за надлежните бидејќи станува збор за категории меѓу коишто е мошне деликатно одржувањето на меѓусебното растојание.

Комисијата за заштита од заразни болести врз основа на своите анализи ќе препорача дали и кога ќе има услови за безбедно одржување на избори во земјава, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

„Исто така, сакам да напоменам, што е исклучително важно – кога и да се одржат изборите, тие ќе мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните којшто протокол, исто така, ќе биде изработен од Комисијата за заразни болести“, рече Филипче и додаде:

„До крајот на годината, па и на почетокот на следната се додека не се пронајде вакцина против Корона вирусот ќе имаме ново Свето тројство. Тоа ќе биде носење маски, одржување на дистанца и дезинфекција“.

Претходна статијаЕлена Велевска: Другар, нели во септември требаше нешто ново, м?
Следна статија(ВИДЕО) Снимка од пред еден месец во која Драган Вучиќ ни испрати силна поракa: Чувајте се и ве сакам