Македонските хеликоптери паѓаат често – трети МИ-17, втор на МВР во шест години

0

Предпладнево, полициски хеликоптер МИ- 17 се преврте и урна при полетувањето. Повреден е еден член на екипажот од вкупно 5 кои биле во хеликоптерот, говорат првични информации.

Ова е еден од двата Ми-17 хеликоптери кои пред две години беа ремонтирани од страна на рускиот државен акционерски холдинг “Хеликоптери на Русија“, кој што ги обединува сите сервисни центри во Русија, овластени за генерален ремонт на овој тип хеликоптери, а во согласност со упатствата и овластувањата на производителот.

Ова е вториот од трите МИ-17 кои се произведен во 2008 година, а купени во 2009 година.

Ова е трета несреќа на ваков хеликоптер во нашата држава, а се почна на 12 јануари 2008 година кога хеликоптер МИ-17 на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце. Притоа животите ги загубија 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ.

Хеликоптерот се урна на само 10-тина километри од скопскиот аеродром, а пилотот не пријавил проблеми со леталото. Од Контролата тврдат дека пилотот побарал да биде воден со радар во процедурата за слетување бидејќи имало сложени метеоролошки услови и намалена видливост до 3.000 метри поради магла.

Тогашниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски ја затвори истрагата со став дека причина за несреќата е необученост на пилотите за летање во сложени временски услови.

Хеликоптер полицискиот хеликоптер МИ-17 кај Струмица, се сруш на 10 јули 2014 година, а животите ги загубија четворица врвни пилоти на МВР. Според очевидци, хеликоптерот удрил во 120 – метарски столб на Македонска радиодифузија, потоа паднал на земја и експлодирал.

Пилотите исто така не пријавиле проблем со леталото. Истрагата за овој настан уште трае, а ја води експертска комисија предводена од Јавното обвинителство.

Претходна статија(ВИДЕО) Шекеринска непријатно изненадена: Ја дочека – „никогаш северна, само Македонија“
Следна статијаЕлена Велевска: Другар, нели во септември требаше нешто ново, м?