Вака коронавирусот се развива по денови, а седмиот ден е пресуден

0

Сè започнува со температура. Тоа е симптом кој се појавил кај сите пациенти кои се заразиле со коронавирус и побарале лекарска помош, велат од Business Insider.

Вирусот од кинескиот Вухан се проширил на стотици земји, беше прогласен за пандемија и наречен Ковид-19. Студијата која била спроведена врз 140 пациенти од Вуханската болница покажала вообичаена шема според која се развиваат симптоимите од коронавирусот.

Околу 99% од пациентите имале температура, а повеќе од половината се жалеле на умор и температура. Околу третина од пациентите кажале дека чувствуваат болки во мускулите и дека имаат потешкотии со дишењето.

Кинескиот центар за контрола на зарази објави дека 80% од случаите имале полесни симптоми, околу 15% биле потешки случаи, додека преостанатите 5% биле во критична состојба. Во типични случаи, еве како според деновите се развива коронавирусот.

ДЕН 1: Пациентот добива температура, може да почувствува и умор, болка во мускули и кашлица. Мал број од заразените ќе имаат и дијареа или мачнина ден-два претходно. Околу 10% од 138 пациенти имале дијареа или мачнина.

ДЕН 5: Пациентите може да имаат потешкотии со дишењето, посебно ако припаѓаат на постарата популација или ако имаат здравствени проблеми од претходно.

ДЕН 7: Просечно, ова е периодот во кој пациентите се примаат во болница, велат истражувачите од Универзитетот во Вухан.

Ако и седмиот ден чувствувате болка, врелина или притисок во градниот кош, имате потешкотии со дишењето или имате модри усни и лице, треба веднаш да побарате медицинска помош.

Исто така, пациентите со полесен облик на корона (85% од заразените) во овој период започнуваат да се чувствуваат подобро, бидејќи симптомите се повлекуваат.

ДЕН 8: Во овој период, оние 15% пациенти со потежок облик на коронавирус, развиваат акутен респираторен дистрес синдром, односно насобирање на течности во белите дробови (едем). Тоа е итна состојба која може да се случи и кај луѓе кои претходно имале здрави бели дробови.

ДЕН 10: Ако симптомите се влошуваат, во овој период пациентите ќе бидат примени на интензивна нега. Пациентите во овој период пријавуваат болки во стомакот и губиток на апетитот.

ДЕН 17: Оние пациенти кои ќе успеат да се опорават, се испуштаат од болница после приближно 2,5 седмици.

Business Insider напоменува дека првите симптоми не мора нужно да се појават веднаш кога лицето ќе се зарази. Просечен пациент може да биде заразен пет или повеќе денови, па дури тогаш да ги покаже првите симптоми.

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаПациентите завршуваат како риба на суво: Порака од медицински техничар од БиХ кој работи во Италија
Следна статијаФилипче најави: На готовност уште една болница во Скопје поради Корона