Филипче најави: На готовност уште една болница во Скопје поради Корона

0

Венко Филипче, министерот за здравство информираше дека сите пациенти со коронавирус во земјава, вкупно 48, се во стабилна состојба. Тој рече дека и пациентката што е на машина нема знаци на влошување.

“Денеска е направен план за ставање во функција и на дел од болницата „8 Септември“ за случаи што се сомнителни или се со дијгностицирана корона, а им е потребна друг тип интервенција” соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче на пресс конференцијата во Владата.

Филипче информира и дека во Дебар, каде состојбата е засега најалармантна, од утре ќе се упатат уште еден пулмолог и еден педијатар.

“Посебна комисија составена од директори на повеќе клиники и од претставници на Комисијата за инфективни болести ја постија болницата „8 Септември“. Се утврди патот на движење на пациентите, обезбедени се посебна операциска и посебна ангиографска сала, Кабинет за ехо дијагностика и цел посебен оддел со 22 кревета и две респираторни машини”, истакна министерот.

Повтори и дека до 16 часот денеска, регистрирани се шест нови случаи на пациенти со коронавирус или вкупно сега се 48.

“Во Штип е првпат дијагностирана болеста кај четиригодишно девојче инфицирано во градинка во Англија кое со семејството од таму се вратило на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера во Инфективното одделение во Клиничката болница

– Штип, два дена откако девојчето ги почувствувало симпотмите. Тоа е хоспитализирано таму, со мајка си, а ќе се земаат брисеви и од други луѓе со кои ова семејство имало контакт. Во Дебар има уште три случаи, во Скопје е потврден еден случај, а има и уште еден случај во Гостивар – жена вратена од Швајцарија” рече Филипче.

Пациентите во нашата земја се во пораст. Системот засега е добро менаџиран. Исклучително е добро што пациентите се откриваат во рана фаза. Ова не е нешто што може само здравствениот систем да го изменаџира. Исклучително е битна улогата на граѓаните.

Ние имаме 24 заболени на милион жители. Шпанија има 350. Тоа покажува дека добро сме се поставиле. Јас искрено се надевам дека вака блага ќе биде кривата на пораст на пациенти, дека нема наеднаш да се оптовари здравствениот систем, рече Филипче.

Претходна статијаВака коронавирусот се развива по денови, а седмиот ден е пресуден
Следна статијаДокторот Ненад Лазаров: Слушате ли бе луѓе нешто вие -катаклизма ќе ни се деси