Болничар (47) кој бил на домашно лекување од корона, пред да издивне ја тешел жена си дека е во ред

0

Неколку часови пред да издивне во својот кревет, италијанскиот болничар Диего Бјанко (47) кој се заразил од корона вирусот кога ја вршел својата работа на должност, ја тешел својата сопруга маруска Капофери, дека е добро и дека не треба да се грижи за него, бидејќи не спаѓал во ризичната група.

“Оди да спиеш драга моја, јас нема да ум рам. Само треба да најдам удобна положба во креветов за да заспијам”, и’ рекол тој.

47-годишниот болничар го загуби животот после компликации настанати како последица од коронавирусот. Диего Бјанко кој работеше во службата за итна помош, вчера го загуби својот живот во неговиот дом во Монтела, северна Италија, каде живеел со неговата сопруга и нивниот 8-годишен син.

Болничарот бил тестиран за коронавирус откако покажал симптоми, а резулатите во четврток покажале дека е позитивен.

Неговата тажна сопруга вели дека ноќта пред да издивне, некаде околу 3:30, Диего и рекол да не се грижи: “Оди да спиеш драга моја, јас нема да ум рам. Само треба да најдам удобна положба во креветов за да заспијам”, и’ рекол тој.

Таа му рекла: “Зошто ми го велиш ова, мислиш дека може да ум реш? “Не” – ми одговори и ми се насмеа. Таа смирена од неговиот тон отишла да си легне во другата соба, бидејќи откако се покажал позитивен на корона, започале да спијат во различни соби.

Меѓутоа, некаде околу 5:30 кога Маруска отишла да го провери сопругот, неговата состојба била влошена, многу тешко дишел, а потоа доживеал и срцев удар.

Маруска, која волонтирала во Црвениот крст во Бергамо, вели дека веднаш му дала прва помош на срцето додека да дојдат од итната служба. Исто така, ја повикала напомош и соседката која била медицинска сестра.

Болничарите пристигнале за околу 20-тина минути и дале сè од себе за да го спасат Диего, меѓутоа, за жал, не успеале во тоа.

Диего го поминал целиот свој живот во помагање на другите луѓе, “Тоа беше неговата животна мисија” – вели неговата сопруга.

Тие биле заедно 15 години а се запознале кога двајцата волонтирале преку црвениот крст. Од нивниот брак го имаат 8 годишниот син Алесио.

На 7 март Диего одеднаш добил висока температура од 39 степени Целзиусови, а во четвртокот се тестирал позитивно на корона вирусот. Сите негови колеги кои работеле во затворениот објект биле позитивни на вирусот и испратени на домашно лекување.

Тој иако бил здрав, за само 1,5 ден не ја издржал борбата со вирусот и му подлегнал по брзо настанатите компликации.

Еден негов колегa изјавил дека најмногу ги плаши негрижата за здравствените работници кои се оставени на милост и немилост, а кога ќе се разболат ги праќаат на домашно лекување. Тој апелира да се зголемат мерките за заштита на медицинскиот персонал.

„Диего беше обучен работник, спасувач кој отсекогаш користел опрема за лична заштита, не беше стар и немаше други болести, што значи, не припаѓаше во ризичната група. Тој беше еден од 700-те здравствени работници, лекари, медицински сестри и спасувачи кои се заразија со коронавирусот“.

Обработи: И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаФилипче: Пет нови случаи позитивни на Корона – уште два се пријавени од кај Жан Митрев
Следна статијаПовеќе нема шега: Падна одлука – се затвора цела Македонија