Повеќе нема шега: Падна одлука – се затвора цела Македонија

0

Седуммина нови случаи на корона вирус денеска се потврдени во земјава. Како што кажа министерот Венко Филипче на вечерашната прес конференција станува збор за три лица од Скопје и четворица од Дебар.

Двајца од потврдените случаи од Скопје се тестирале на клиниката Жан Митрев, а еден е на клиниката за инфективни болести.

Четворицата од Дебар биле во контакт со веќе потврдените случаи од тој град.

Министерот појасни дека лицата тестирани во клиниката Жан Митрев утре ќе бидат повторно тестирани во државната лабораторија.

Филипче рече дека денеска биле тестирани 10 лица, меѓу кои имало и тројца здравствени работници – од Центарот за јавно здравје од Прилеп, од Инфективната клиника и од „8 септември“ и нивните резултати се негативни.

Од среда попладне се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, одлучено е на вечерашната владина седница. Министерот за здравство кажа дека покрај аеродромот се затвораат и сите гранични премини.

„Аеродромот во Скопје се затвора за 48 часа од сега, освен за државни и медицински цели, како и за карго пратки. Граничните премини се затвораат од вечерва за влез на странски државјани, освен за товарни возила, дипломатски возила и други со специјална дозвола од Министерството за внатрешни работи“, кажа Филипче.

Во земјава до сега има регистрирано 23 лица заразени од коронавирус.

Претходна статијаБолничар (47) кој бил на домашно лекување од корона, пред да издивне ја тешел жена си дека е во ред
Следна статијаГерманија под клуч: Познато само што ќе работи во цела држава