Никогаш не можев ниту да замислам дека мене ќе ми се случи такво нешто, да не се согласувам со снајката и дека ќе бидам во кавги со неа. Отсекогаш си мислев дека ќе бидам пријателка со снаата. Ама ете…и тоа се случи…
Имам седумдесет години, две ќерки и еден син. Секој од нив си има свое семејство и деца. Може да се каже дека сум многу среќна жена. Меѓутоа, никогаш во животот не излегува онака како што сте планирале, никогаш не тече сè така лесно…
Со зетовците отсекогаш добро се сложував, но бидејќи живеат далеку од мене, немаше шанси ни да дојде до тоа да се “закачнеме”.
Син ми живее во истиот град во кој живееме и ние. Често му помагаме околу чување на децата, а не се ретки ниту случаите кога готвам и за сите нас.
Бидејќи неговите деца се најмлади од сите мои внуци, на нив најмногу им купуваме играчки и облека. Дури и моите ќерки со задоволство купуваат и им испраќаат подароци на своите внучиња.
А тоа се квалитетни јакнички, панталони, патики, џемперчиња, ранци….Буквално сè! Меѓутоа, никогаш досега не сум видела ниедна од тие работи да бидат облечени на моите внуци.
Кога снаата ќе ми ги донесе рано наутро да ги чувам, на нив секогаш има некои тренерки, излитена јакничка тенкичка како хартија, износени и дупнати патики.
Кога го средува својот стан, таа вишокот алишта и други работи што не ги употребуваат, ги носи кај нас и ги остава во поткровјето. Неколку пати ја прашав што се случува со работите што ние им ги подаруваме на внуците, а таа вели, наводно децата ги носеле, ама ги надраснале и не им се допаѓале повеќе.
Еден ден, кога внуката се натопи скокајќи во вир со вода, одлучив да одам на таванот и меѓу разните кеси да најдам нешто што би можела да и го облечам, додека да дојдат родителите по неа.
Па луѓе мои, што ли сè не најдов таму! Сè што ние со години сме им го купувале, па речиси нераспакувано! Тоа беа работи за деца на возраст од раѓање па до 7 години.
Толку многу збеснав и се разгневив зошто воопшто не се користени тие работи, што не можев да се воздржам. Почекав син ми да дојде со снаа ми да си ги земат децата, па отидов на интернет, ја пронајдов страницата за огласување и напишав оглас:
“Подарувам нови алишта за девојчиња и момчиња на возраст од 0 до 7 години!”
Почнаа луѓе да доаѓаат, а јас само изнесував. Во рок од два дена целосно го расчистив таванот!
Бесот и натаму ме држеше, не ми помина, ама барем сега се чувствувам малку подобро и полесно. И таванот не ми е веќе хаос, туку среден ми е.
Ме водеше и една идеја: Навистина е грев таа облека да стои неискористена, фрлени се толку пари зошто купувавме само квалитетни работи, а некои дечиња за греота, немаат што да облечат.
Не знам како во иднина да се однесувам, дали на внуците да им давам пари наместо да им купувам подароци и не знам дали треба да и кажам снаата дека знам што прави, но не сакам да им правам кавги дома.
И.П. Фото: Илустрација
Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.