Незапамтен интрес – Познато колку луѓе сакат да бидат пратеници од СДСМ

0

Пратениците во Собранието на Северна Македонија со 108 гласа „за“ изгласаа овој парламентарен состав да се распушти и со тоа обезбедија можност вонредни парламентарни избори да се одржат на 12 април.

Носителите на кандидатските листи ќе бидат објавени на конгресот на 9 март. Во СДСМ во тек е селекција од преку 750 кандидати за пратеници во која се вклучени странски и домашни експерти, и политичари од СДСМ, по што на конгресот на партијата што ќе се одржи на 9 март ќе бидат објавени носителите и кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори, објави денеска лидерот на партијата Зоран Заев.

Селекцијата подразбира разгледување на нивните биографии, по што ќе се прават анализи и интервјуа, а паралелно се одвиваат анкетите.

„Сакаме да ги избереме најдобрите“, рече Заев додавајќи дека има многу добри кадри кои не се нафаќаат да се занимаваат со политика.

Носителите и кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори СДСМ ќе ги објави на конгресот на партијата што ќе се одржи во попладневните часови на 9 март, објави денеска лидерот на партијата Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Заев појасни дека во моментов во СДСМ се прави селекција од преку 750 кандидати за пратеници и оти тоа го прават странски и домашни експерти, и политичари од СДСМ, се разгледуваат нивните биографии, потоа ќе се прават анализи и интервјуа, а паралелно се одвиваат анкетите. Сакаме да ги избереме најдобрите. Лидерот на СДСМ рече дека има многу добри кадри кои не се нафаќаат да се занимаваат со политика.

Можеби дел од коалициските партнери и порано ќе ги објават своите кандидати. Коментарите на ДУИ за вчера објавената коалиција со Беса, според Заев, заслужуваат внимание.

– Овој нов квалитатив кој со ваквите политки го создаваме, со конкретен ефект и почеток од 2016 година, кога десетици и десетици граѓани Албанци гласаа за СДСМ и коалицијата, рече Заев потсетуваше дека и Македонци и Албанци гласале за кандидати кои не биле од нивната етничка заедница.

Ова што сега го правиме, додаде тој, е еден нов исчекор, и веројатно може само да ги зајакне по структура и по фер поставеност еднаквиот глас на секој граѓанин.

Претходна статија(ВИДЕО) „Време – Невреме“ – првата авторска песна на атракцијата „Brass Brothers“
Следна статијаНе ми беше намерата да и се осветам на снаата: Се случи да изгледа така – да им давам пари треба?