На свекорот и свекрвата не им дозволувам да го гледаат внукот и никогаш нема да им дозволам – еве зошто

0

Мојата желба за да не го гледаат моето дете е секој ден сè поголема и поцврста, признава оваа жена.

За односите помеѓу снаата и свекрвата и општо во семејството, особено кога ќе дојде нов член, би можело да се расправа со часови, денови, а можеби и со седмици. Има секакви, од хармонични до целосно деструктивни и катастрофални.

Но, што треба да се случи за една снаа да им забрани на бабата и дедото да си гледаат своите внучиња? Колку тие треба да и згрешат за таа да се осмели на ваков чекор?

Една жена која сакаше да остане анонимна, ги открива своите причини за ваквата нејзина одлука и меѓу другото порачува, пред сите да ја осудите за постапката, да ја прочитате нејзината приказна.

“Се омажив за маж од богато семејство. Го сакам и го обожувам животот со него. Не живееме со неговите родители, сакавме да бидеме независни, сами, да имаме слобода.

Од самиот почеток на нашето планирање за заеднички живот, се сложивме дека сакаме да имаме своја куќа, па и двајцата бевме со истата цел.

Го штедевме секој денар. Двајцата работевме, со години не одевме на одмор, ниту си дозволивме себеси некој луксуз, да си купиме нешто поскапо.

Меѓутоа, колку и да се трудевме, никогаш не можевме да собереме доволно за учество. Поради тоа ја одложувавме мојата бременост. Сакавме да имаме барем нешто кога ќе се роди бебето, иако ќе биде на кредит.

Во една пригода ја посетивме фамилијата на мојот сопруг и тие по којзнае којпат нè прашаа кога ќе добијат внуче. Искрено им кажавме – кога ќе имаме свој кров на глава. Рековме дека немаме доволно пари за учество.

Свекрва ми на тоа само “сочувствено” одмавна со главата. Имаа да ни дадат, ама се правеа “луди”.

Еден месец подоцна, дознав дека сум бремена. Не го планиравме ова бебе сега, па морав да се исчистам. Одлучив прво да одиме кај свекрва ми и свекор ми и директно без да заобиколувам да ги замолам да ни позајмат пари.

Со маж ми прво им ги соопштивме убавите вести, а на нивната среќа им немаше крај. Знам дека искрено се израдуваа. А потоа им кажавме дека ќе ни бидат потребни пари на заем за учество за кредит. Лицата одеднаш од радосни им се скаменија, им се променија, и веројатно за среќата поради внучето веќе немаше место.

Свекрвата прво што рече, беше, од каде ни било идејата дека тие имале толку пари. И тука веќе знаев дека е завршен разговорот.

После еден месец, свекорот на маж ми (на својот сопствен син) пресреќен му се јави за да му соопшти дека конечно купува џип. Бев навредена до срж.

Тогаш одлучив дека бебето ќе го задржам, но дека неговите родители НИКОГАШ нема да го видат своето внуче. И тој се сложи. Разумот му налагаше само едно – дека тие не заслужуваат, но мислам дека во душата сакаше да им прости.

Како да им дозволам да го видат? Поради тоа дете баравме на сите страни заем, ни помогнаа многу подалечни луѓе од кои не очекувавме, а на нив им беше дојдено до еден џип!

Не, не беа без автомобил, имаа многу добар скап автомобил. Не сакам моето дете да запознае такви баба и дедо.

Бременоста брзо помина, се породив, а ние и натаму се надевавме дека неговите родители ќе се предомислат и дека ќе ни помогнат што поскоро да добиеме куќа. Ама тоа не се случи.

За шест месеци успеавме да собереме доволно пари и зедовме куќа на кредит. Ама, мојата желба за свекор ми и свекрва ми да не смеат да го гледаат моето дете е секој ден сè поголема и поголема. Што ќе му се такви баба и дедо?

Секој ден кога ќе се сетам дека џипот им беше поважен од синот и внучето, не ми дава да попуштам и да им простам. И нема да попуштам” – заклучува оваа жена.

Извор: stil.kurir.rs 

Обработи: И.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаНе ми беше намерата да и се осветам на снаата: Се случи да изгледа така – да им давам пари треба?
Следна статијаФОТО: Заев на лице место му извади документ според кој тврди дека Мицкоски краде