Познато кои брендови на облека ги носеа фамилијата Заеви на празничната фотосесија

0

Премиерот Зоран Заев, на својот официјален профил на „Фејсбук“ објави новогодишна честитка и неколку семејни фотографии.

„Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици.

Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам“ – напиша Заев на социјалните мрежи.

За оваа новогодишна фотосесија сите членови на семејството се одлучија за некое брендирано парче.

Премиерот се одлучи за џемпер од брендот Timberland и истиот чини 3.999 денари. Го има во неколку бои, а тој се одлучи за класичната сива боја.

Неговите наследници на себе го облекоа брендот Tommy jeans. За разлика од сите нив, брендот кој го носи неговата сопруга не може да открие.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ не пропушти да го прокоментира амбиентот во кој се фотографираше семејството на премиерот. Тие се задржаа на цената на нивниот домашен миленик:

,,Во ситуација кога во Македонија владее сиромаштија, народот нема за леб, Заеви се сликаат со куче од 3.000 евра и скапа брендирана облека.”, напишаа од опозициската партија.

Претходна статијаСе појавија фотки од Анастасија, ќерката на Цеца – како изгледала пред и по ,,пластиките”
Следна статијаШерифовиќ ќе роди бебе па вели: Ако биде девојче, ќе биде бан дит како мене