Месец Јули им е особено наклонет само на овие два хороскопски знака

0

Месецот Јули им е особено наклонет на овие два хороскопски знака – Овен и Бик – тврдат астролозите.

Овен

Овните во текот на своето владеење лесно ќе се извлекуваат од сите неволји, храбро ќе се соочуваат со предизвиците и ќе се спротивставуваат на посилните од себе.
Живот полн со авантури и нови искуства ќе ги направат Овните оваа година посебно специјални отколку минатата година. А неколку возбудливи моменти ги очекува во областа на меѓучовечките односи. Во љубовта, во услови кои ќе им бидат овозможени ќе го привлекуваат вниманието на другите.

Вие сте во година каде некои личности ќе ви станат многу важни, па повеќе ќе одите кон тоа да им ги исполните нивните желби отколку себе си, а нивната насмевка ќе ви биде најголема награда. Ќе станете несебични и дарежливи, и како магнет ќе ги привлекувате другите луѓе во својата близина.

Со леснотија ќе остварувате нови пријателства кои животот ќе ви го направат побогат и посодржаен од било кога. Најсреќниот период од оваа година за Овните ќе биде од крајот на третиот месец, кога би можеле силно и страствено да се заљубат, да постигнат финансиска добивка, да уживаат во вниманието и комплиментите кои ќе пристигнуваат од сите страни.

Ќе се чувствувате полни со енергија во секој аспект од животот. Како да можете да се справите со сè што ќе ве снајде. Ќе сакате да прифаќате нови можности, да учите секогаш кога можете и да наоѓате нови пријатели кои имаат многу да ви покажат. Погледнете во огледалото и ќе го сакате она што ќе го видите.

Овој Јули на сите ќе им покажете од што сте направени. Искористете ја оваа фаза на самодоверба за навистина да ги следите вашите соништа. Ако постои нешто за коешто сте сонувале, не трошете време. Борете се за вашиот успех како никогаш досега. Ја имате целата сила којашто ви е потребна.

Бик

До 24-ти Јули Венера се наоѓа во вашиот знак. Ова ќе ве исполни со романса од глава до пети. Ќе се изненадите од тоа колку лесно ќе започнувате разговори и начинот на кој ќе го правите тоа. Се чувствувате како најдобрата верзија од себе, а вашата радост ќе биде заразна за секој што ќе го сретнете.

Немојте да се изненадите ако луѓето почнат да се натпреваруваат за да бидат околу вас. За работите да бидат уште подобри, сонцето влегува во вашиот знак на 20-ти Јули. Ќе се чувствувате како член на кралско семејство кој заслужува да биде сакан, а верувајте и дека го заслужувате тоа.

Претходна статијаВикенд хороскоп – Непријатни моменти викендов ги чекаат родените во овие хороскопски знаци
Следна статијаОва е невенчаниот сопруг на Ана Бекута – Се запознале во 80-те, а го оставила поради колега