Од сите 12 хороскопски знаци, овој знак е најмалку склон на неверство. Станува збор за Раковите, кои обично тежнеат за стабилна и долга емотивна врска, полна со љубов, во која нема место за неверство.
Кога ќе се заљубат, се заљубуваат докрај и секогаш размислуваат долгорочно, бидејќи се во потрага по личност со која ќе изградат дом и ќе основаат семејство.
Се грижат како се чувствувате и ќе бидат многу претпазливи за да не ве повредат, или да не кажат нешто погрешно. Ќе ви се извинуваат ако нешто згрешат и ќе се прашувате зошто постојано го прават тоа. Но, само сакаат да сте среќни.
Највеќе од сѐ, се грижат за мислењето на другите луѓе. Кога некој не ги сака, тоа многу ги допира. А, вие секогаш ќе се прашувате зошто го прават тоа.
Раковите се многу емотивни личности. Тие ќе ве научат да гледате поинаку на секоја ситуација. Ќе ве научат како да бидете претпазливи, како да ги набљудувате луѓето и да ги разберете работите околу вас, подлабоко. Ќе се забележите дека се менувате и почнувате да се грижите не само за себе, туку и за оние околу вас.
Без оглед на тоа колку се фини, тие се многу несигурни во однос на тоа. Тоа е така бидејќи биле повредени многу пати. Тие не се снаоѓаат најдобро во големи групи и секогаш подобро функционираат со луѓето „еден на еден“ или во мала група.
Тие секогаш го следат своето срце. Често се многу ирационални, но тоа е одлука на нивното срце. Навистина се тврдоглави кога станува збор за нештата кои ги сакаат. Тоа ги вклучува и луѓето кои им значат.
Кога ќе ги запознаете, ќе се чувствувате како да сте ги знаеле цел живот. Тие ќе ве прочитаат веднаш и брзо ќе донесат одлука дали вреди да ви го дадат своето внимание. Ќе се грижат за вас, понекогаш дури и премногу. Вие станувате нивниот свет. Не се заљубувајте во нив, ако не можете да го поднесете тоа.
Подготвени се за саканата личност да направат сè, но го очекуваат истото и за возврат, бидејќи и самите се желни за внимание и сакаат кога им се докажува љубовта. Тоа што исто така ги карактеризира луѓето родени во овој знак е дека не дозволуваат нешто да им застане на патот на нивната љубов и ќе се потрудат да го решат секој проблем што ќе се појави. Раковите своите партнери секогаш ги стават на прво место и доколку е потребно, подготвени се без страв да застанат во нивна одбрана по секоја цена.
Раковите се истакнуваат како најголеми поборници на верноста, а уште неколку знаци на зодијакот исто така не се склони на неверство. Меѓу нив се Биковите, кои сакаат стабилност и многу се сигурни, потоа Вагите, кои се родени борци за правда, па традиционалните Девици и Јарците, кои ги бие глас како многу трпеливи луѓе и кои се подготвени да работат на својата врска колку и да е потребно.