Метеоролозите издадоа предупредување: Пристигнува невреме – овие денови ќе биде најкритично

0

Ќе започне да дува умерен до наместа и засилен јужен и југозападен ветер, што воедно ќе биде и најава за промената која допрва следи. Очекуваме локално удари на ветер и од над 80 км/ч.

Времето се менува. Ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на моменти на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час, сето ова ќе биде најава за нагла и голема промена на времето која треба да се случи кон крајот на денот и навечер, односно од запад ќе започнат врнежи од дожд и во текот на ноќта ќе се прошират речиси насекаде а локално во западните делови ќе наврне и позначително количество на воден талог, и тоа над 20 л/м2 а има услови и за појава на атмосферски процеси во вид на локални грмежи и поројни врнежи од дожд, анализира Славчо Поповски.

Во текот на ноќта кон вторник поради спуштање на многу постуден воздух од север температурите на воздухот нагло ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе додека врнежите од дожд освен на повисоките места ќе поминат во снег и на некои од пониските места и тоа особено на запад и на север од државава.

Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени додека од вторник поради студениот бран значително ќе опаднат и најстудено ќе биде во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени додека во утринските часови температурите понекаде ќе се спуштат и до околу -12 степени.

Исто така во вторник и во среда локално ќе има послаби врнежи од снег додека на повисоките места и на планините ќе се формира нова и ќе се зголеми снежната покривка, услови за потенка снежна покривка ќе има и понекаде на пониските места, особено на запад и на север.

Претходна статијаЛепа Брена проговори за аферата на Карлеуша: На Јелена секогаш ќе и бидам поддршка, без оглед на се што се случува
Следна статијаПисмо на очајна мајка: Не можеше да го скрие разочарувањето по раѓањето на втората ќерка