Писмо на очајна мајка: Не можеше да го скрие разочарувањето по раѓањето на втората ќерка

0

„Освен што е немарен кон ќерките, безобразен е и кон мене – цело време сум на граница да пукнам“

Станува збор за писмо од една очајна мајка на две девојчиња. Во писмото се пронашле многу мајки на женски деца, па оваа тажна приказна многу брзо ги преминала границите на Велика Британија и се нашла на социјалните мрежи ширум светот.

Имено, кога несреќната жена вторпат донела девојче на свет, нејзиниот живот се претворил во ноќна мора, а ова е нејзината приказна:

„Драги мајки,

Мојот сопруг ја опишува нашата ќерка како страшно егоцентрична дива, а таа има само шест месеци. Имаме и постара ќерка која има три години.

Кога таа се роди, тој беше видно разочаран што не родив момче. Само јас се будев навечер да ја хранам, сама правев сè по дома и готвев за сите нас.

Тогаш изрази желба да имаме и второ дете и вети дека повеќе ќе се труди. Кога вторпат се руди девојче, тој не можеше да го скрие разочарувањето. Тој има 40 години, а јас 37.

Освен што е немарен кон ќерките, безобразен е и кон мене, цело време сум на граница да пукнам. Кога еднаш не беше дома две недели поради работа, сè беше совршено. Сега се прашувам дали треба да го избркам од дома?“

Советот на мајките гласи:

„Жал ми е, но сметам дека би требало да го избркате од дома таткото на вашите деца, бидејќи сметам дека тензијата што ја впиваат девојчињата не е добра за нив. И покрај сите потешкотии во кои живеете, се плашам и за нивната сигурност. Ако му кажете дека мора да се отсели, можеби тој радикално ќе се промени, но некако не верувам во тоа.

Што и да одлучите и што и да се случи, нема да биде лесно, затоа побарајте поддршка. Обратете им се на вашите најблиски да ви помогнат или сами побарајте стручна помош.“

Претходна статијаМетеоролозите издадоа предупредување: Пристигнува невреме – овие денови ќе биде најкритично
Следна статијаХрватскиот пензионер Тони ја покажа сопругата: Кога ќе не видат заедно мислат дека ми е ќерка