Искрена исповед на скршена мајка: Свекрвата со еден збор ми ја врати желбата за живот

0

Се случува мајката и покрај неизмерната среќа на новиот член на семејството да се најде во некој вакуум, каде нејзиниот живот престанува да постои.

Како да се надмине пораѓањето, кога прв пат мајката го прегрне своето здраво дете тоа и донесува неизмерна радост. Токму тоа и се случило на 24-годишната Сара, мајка која станала очајна поради стилот на живот кој го живеела. Нејзиниот живот бил нејзиното дете, таа како да не постоела, до еден момент.

Мојата свекрва ми пријде и ми ја стави раката на рамо, ме погледна во очи додека очајна лежев на креветот. Таа ми покажа на мојот четиримесечен син во раце и ми рече љубезно, но строго:

Ова бебе е дел од твојот живот, но тоа не е твојот цел живот.

Климнав со глава како да сфатив, но вистината е дека немав поим за што зборува. Ништо во мојот живот не беше исто, се сè вртеше околу моето бебе. Ги поминував деновите доејќи го бебето, што е нормално, но освен тоа не правев ништо друго. Ретко го напуштав креветот, а куќата уште поретко. Вети дека можам да го вратам својот живот, не занемарувајќи го своето бебе и неговите потреби. Нејзините зборови дојдоа во критичен период за мене, бидејќи тогаш се борев со постпородилна депресија.

Во текот на претходните четири месеци, се посветував на детето, полека искористувајќи го и последниот атом на сила кој го имав, додека не „паднав“, го изгубив идентитетот, освен мајчинството, не постоеше ништо друго. Се борев и со претерана анксиозност и самоубиствени мисли, не можев да јадам ниту да спијам. Ги набљудував другите мајки, и се обидував и јас да правам исто што и тие. Во главата имав слика за идеална мајка. Кога во ноќта детето ќе плачеше, јас станував и го земав во прегратка. Не забележував ниту пријатели, ниту сопругот, раскажува Сара.

Притисокот да ги задоволи потребите на своето бебе пред своите бил дел од социјално изградена формула која нејзиното здравје полека го уништувало. Не само што паднала во длабока депресија, туку имала чести главоболки и стомачни болки. -Да бидам сама со бебето беше многу важно за мене.

Мојата свекрва знаеше три часа да вози за да дојде и да биде со мене. Тоа ми помогна полека да се вратам во живот. Шетавме, одевме на вечери, се дружевме. Повеќепати со неа излегував за овие три дена, отколку што излегував за овие четири месеци, откако го добив детето. Едноставно морав да се вратам на својот живот. Самата помисла дека тоа треба да го направам тешко ми паѓа, но тоа е неопходно, како поради мене така и поради бебето.

-Маската за кислород прво си ја става мајката на себе, а потоа на детето. Така е и со мене, морам јас да бидам добро, за да му биде добро и на моето дете. Почнав да одам на терапија и да земам антидепресиви, и тоа многу ми помогна. Се трудев по малку да се одделувам од детето, но не нагло.

Престанав да бдеам над неговото креветче додека спие, почнав да се опуштам, раскажала Сара. Грижата едноставно е вкоренета во природата на жената и често мајките почувствуваат грижа на совеста или претерана загриженост за своето дете. А тоа никако не е добро.

-Променета која полека стануваше видлива кај мене, многу брзо се рефлектирала и на моето дете. Мојот син стана љубопитен, сам си играше, колку може така мало бебе, понекогаш во шега велам дека вежба самостојност. Враќањето на работа и го врати професионалниот идентитет.

Секако дека не мисли дека е себична мајка ако сака да има време за себе, да трча, пишува, чита книги. Знае дека може да се потпре на семејството и пријателите кога и затребаат. – Можеби други мајки не би се сложиле со мене и можеби мислат дека сум себична, но сметам дека секоја мајка заслужила да биде среќна и здрава.

Мајчинството е дел од мене, но не ме дефинира. Мојот прекрасен син е преубав додаток на мојот живот, но тој не е цел мој живот. Јас сум цел свој живот, рекла Сара.

Претходна статијаТрагедија: Тргнал на настап – познатиот рапер настрада во страшна сообраќајка
Следна статијаСтуден бран кон Македонија: Се очекува нагло да паѓаат температурите, снег и ветер кој сече