Студен бран кон Македонија: Се очекува нагло да паѓаат температурите, снег и ветер кој сече

Самиот почеток на новата недела како што веќе најавивме ни носи невообичаено топло време за овој дел од годината и изразено јужно и југозападно воздушно струење, максималните температури во текот на утрешниот ден ќе се искачат во интервалот од 10 до 16 степени, анализира Славчо Поповски.

Уште потопло ќе биде во понеделник кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец што ќе биде најава за нагла промена на времето во понеделник навечер и во текот на ноќта кон вторник,односно во понеделник кон крајот на денот и навечер од запад ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон вторник ќе се прошират на повеќе места, на планините ќе врне снег.

Поради продор на студен воздух од север во текот на ноќта кон вторник ќе започне да дува северен ветер кој ќе засилува а температурите ќе бележат тенденција на нагло и значително опаѓање па така во вторник врнежите од дожд освен на повисоките, ќе преминат во снег и на некои од пониските места но ќе бидат од локален карактер, послаби локални врнежи од снег се очекуваат и во среда а ќе продолжи да дува засилен ветер од северен правец.

Температурите на воздухот ќе опаднат дури за околу 10 степени па така веќе во среда максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од -4 до 5 а во текот на утринските часови понекаде температурите ќе се спуштат и под -10 степени додека особено на повисоките и планинските места ќе дојде до формирање но и зголемување на снежната покривка.

Меѓутоа кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон вторник ќе се прошират речиси насекаде, на планините ќе има врнежи од снег, во втората половина од ноќта кон вторник поради продор на студен воздух од север ќе започне да дува северен ветер кој ќе засилува по интензитет и истиот ќе услови нагло и значително заладување на времето.

Температурите ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе а врнежите од дожд освен на повисоките ќе преминат во врнежи од снег и на некои од пониските места особено на запад и на север.

На повисоките места и на планините ќе се формира и зголеми снежната покривка, услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на некои пониски места.

Локално провејување на снег ќе има и во среда а ќе продолжи да дува засилен северен ветер кој локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Максималните дневни температури најниски ќе бидат во среда кога ќе се искачат во интервалот од -5 до 5 додека минималните понекаде ќе се спуштат и под -10 степени.