Трагедија: Тргнал на настап – познатиот рапер настрада во страшна сообраќајка

Британскиот рапер Кадет (Блејн Камерон Џонсон) заггина на 29-годишна возраст во сообраќајна несреќа додека бил на па кон закажаниот настап.

До несреќата дошло на 9 февруари во раните утрински часови, а раперот не управувал со возилото, туку бил на совозачкото седиште во таксито.

Полицијата потврдила дека музичарот настрадал поради судир на две возила.

Кадет бил на патот кон подемот благодарение на своите песни – „Letter to Krept“, „Instagram girls“ и „Advice“, кои го „пробиле“, па многубројни критичари му предвидувале блескава кариера.

– Напорно работам секој ден и знам дека сè ќе дојде на свое – рекол раперот неодамна во едно интервју.

Многу колеги и пријатели се простиле од него на социјалните мрежи.

Му предвидуваа блескава кариера и многу хитови, а раперот Кадет настрада на 29. години во сообраќајка.

Трагедијата да биде уште поголема, тој тргнал на настап кога се случила несреќата.

Неговите колеги и пријатели, како и фанови се простија од него.