Крајот на овој месец ќе донесе голема неволја за овие хороскопски знаци

0

Иако за некои хороскопски знаци Април ќе биде неверојатен месец, за овие четири, крајот на Април ќе донесе голема неволја. Од почетокот на оваа недела, па сè до крајот на месецот, ќе трае еден од најнезаборавните периоди во животот на овие хороскопски знаци, но не на добар начин.

Дури откако Сонцето ќе влезе во знакот Водолија, нештата ќе им станат полесни и подобри. Еве како да се подготвите за турбулентниот период што ви следува.

Скорпија

Вам веќе ве обвинуваат дека сте таинствени. Сезоната на Водолијата ќе ја однесе оваа таинственост на ново ниво. Ќе станете постудени, а членовите на вашето семејство и вашите сакани ќе го забележат тоа и ќе се прашуваат дали се оддалечувате од нив, или пак, дали можеби сте депресивни.

Ниту едно од овие нешта не е вистина, вам само ви е потребно малку време за себе. Мора подобро да размислите за себе. Фокусирајте се на вашите слабости и обидете се да работите на нив. Луѓето кои се грижат за вас ќе сфатат зошто ви е потребно да го прекинете контактот со надворешниот свет некој период.

Тие ќе ве поддржуваат во оваа одлука. Без прашања ќе се држат настрана од вас додека не ја најдете вашата внатрешна рамнотежа. Кога ќе се чувствувате удобно, ќе можете да се вратите и да се справите со животот и луѓето на нормален начин.

Близнаци

Сонцето е во вашата осма куќа, па очекувајте завршетоци во овој период. Збогувањето со нешто што ви било многу важно никогаш не е лесно. Но, свесни сте дека ништо не трае засекогаш, па одвреме-навреме треба едноставно да продолжите напред, и да бидете горди на себе дека сте преживеале.

Вага

Доколку чувствувате дека имате голема рана на срцето, тоа воопшто нема да нè зачуди. Сонцето е во вашата четврта куќа на семејството и домот, па затоа и се чувствувате многу емотивно во последно време. Сега е периодот кога треба да се стопите во нечија прегратка и да ја прифатите утехата што блиските постојано ви ја нудат.

Водолија

Кога Сонцето ќе влезе во вашата 12-та куќа на потсвесното, за вас ќе започне навистина чудно време. Вие ќе патувате помеѓу сонувањето и реалноста, без сознание што е реално, а што не. Интуицијата ви е на високо ниво, духот ве исполнува целосно, и почнувате да сфаќате дека некои работи се едноставно такви, и дека не можете ништо да направите за да ги промените.

Претходна статијаКонечно неделава што доаѓа среќата ќе им се насмевне на овие хороскопски знаци
Следна статијаПрва заедничка фотографија после аферата: Лицето на Душко кажува се