Благодарение на нивната природа, интелигенцијата и моќта на забележување, овој знак забележува се околу себе.
Две нивни најизразени особини се длабоката интуиција и развиената емпатија, кој им овозможува да сфатат и проникнат во се, многу пред другите.
Тие чувствуваат многу подлабоко, па во тешките моменти се исклучителна поддршка за пријателите. Не морате ниту да изговорите, а тие веќе го знаат проблемот. За жал, често тој проблем го доживуваат лично, како да нешто на нив им се случува.
Станува збор за Рибите.
Рибите имаат огромна моќ на забележување и од нив ништо не можете да скриете. За тоа е одговорна длабоката интуиција, а припадниците на овој знак често и се потпираат на неа.
Овие знаци едноставно ја анализираат и проценуваат ситуацијата околу нив, најточно ги сфаќаат случувањата, како и луѓето од опкружувањето. Сепак, маана им е тоа што поради тоа многу патат.
Како изразито емпатичен знак Рибите ќе можат да ги разберат и некои од најлошите постапки на нивните пријатели. Но, иако првично ќе ги осудат, тие и ќе ги разберат. Кога станува збор за конфликти, овој знак можеби никогаш не заборава, но лесно проштева.
Покрај патењето кое им го носи емпатијата, Рибите се знак кој доста тешко се снаоѓа во реалноста и за нив се вели дека живеат во имагинарен свет.
Голем дел од нас кои имаат блиски личности родени во знакот Риби ќе се согласат дека тие се едни од најсложените личности кои ги познаваме.
Тоа е така бидејќи тие се многу чувствителни луѓе, но кои се многу лојални. Сепак, тие имаат различни карактеристики кои ги прават најсложениот знак во хороскопот.
Тие се последниот знак во хороскопот
Бидејќи Рибите се последниот знак во хороскопот, во нив има карактеристики од сите претходни 11 хороскопоски знаци. Тие се во постојана борба да утврдат како се чувствуваат и често минуваат многу време анализирајќи како се чувствуваат.
Сите нешта зависат од нивното расположение
Рибите можат да бидат многу тивки, но и многу импусливни зависно од нивното расположение. Не е воопшто лесно да ги ставите во една категорија на интровертни или екстровертни личности. Всушност, никогаш нема да можете ни да утврдите какви се точно.
Емпатијата е нивната најсилна страна
Тие се многу емпатични и имаат силно разбирање за другите луѓе. Се разбираат со останатите многу лесно и тие ќе бидат првите луѓе кои ќе ви се јават кога ќе имате проблем на работа или во врската. Понекогаш можат да бидат многу хаотични бидејќи премногу размислуваат и анализираат, но треба да знаете дека тоа е така бидејќи многу нешта се движат во нивната глава.
Енергијата им зависи од средината
Рибите се интроспективни личности, но често тие се луѓето кои пренесуваат најмногу енергија кон другите на забавите. Сепак, бидејќи се чувствителни често ќе можете да ги забележите како седат на страна и делуваат напнато. Сепак, како воден знак тие имаат потреба од луѓе за да се чувствуваат среќно и исполнето.
Понекогаш е потребно повеќе време да ве пуштат во нивниот живот
Потребно им е време да се опуштат и затоа не треба да ги форсирате. Нивните контрадикторни карактеристики им овозможуваат лесно да се поврзат со луѓето, но понекогаш имаат силна потреба да се изолираат од другите. За голем дел од Рибите, потребни се дури и години додека целосно не ве пуштат во нивниот живот, но штом го направат тоа, тие се многу грижливи и лојални.
Не е воопшто лесно да се биде во врска со нив
Тие ќе минат низ различни фази, од негрижа, до живеење во моментот, до целосно изолирање од вас. Нивната претерана чувствителност ги прави добри пријатели и партнери, но истовремено се и тешки личности кои понекогаш претеруваат со анализирање.