Кралица на Зодијакот – Таа е родена да лета таму каде што удира громот

Жените во овој хороскопски знак пленат со посебна енергија.

Станува збор за Водолија!

Како може да се движи толку лесно? Како може да чувствува толку длабоко? Таа е контрадикција во движење. Таа е социјална пеперутка и осамен волк. Таа е алтруист и бунтовник без причина. Таа е лудиот научник и емоционален човечки хаос.

Живее во својата глава, но има огромно срце. Таа е врела. Таа е ладна. Таа е овде. Таа е тука. Таа е бесна, дива, тврдоглава како пекол, силна и незапирлива. Таа е светла и провидна. Таа е чиста енергија.

Таа е како гром, торнадо, силен импулс на електромагнетна енергија. Таа не е шега. Таа може да се промени во дел од секундата, да ги покаже своите необични крилја и да полета спроти струите на ветерот. Дали некој може да се осмели да помисли дека ја поседува? Дали некој се осмелува да се обиде да ја задржи? Таа никогаш нема да остане во кафезот на животот, дури и ако со сите сили мора да се бори за слобода. Таа е чиста енергија. Таа ќе излезе надвор и ќе танцува.

Таа знае дека болката и тагата и шокот и неуспехот се всушност креативни сили, потребни како воздух, инспирираат, исто како и уметноста. Таа не се плаши од самотија и сама оди во авантури, ширејќи ги своите крилја, дишејќи со полни гради.

Таа е мудра жена, таинствено суштество, интригантна фатаморгана, постојано во движење, секогаш недостижна. Но, зад ладната самодоверба и изгледот на диво дете, таа е исплашена и ранлива. Таа потајно е осамен волк во потрага по некој кој ќе ја цени нејзината неконвенционална, слободна душа.

Таа ќе најде сопатник кој ќе биде авантурист како неа, тоа ќе биде прекрасна љубов. Таа ќе љуби страствено и необично, но и слободно и безусловно. Но, секогаш ќе биде своја жена. Нема никому да припаѓа. Затоа што таква ѝ е судбината.

Таа е родена да лета таму каде што удира громот. Таа е чиста енергија.

За Водолијата тотално незамисливо е да не биде она што навистина е. Токму поради оваа карактеристична автентичност, сите сакаат да бидат во нејзина близина. Оваа жена сака да го живее животот така што нема да задоволува ничии други потреби освен своите. Таа ќе се впушта во различни видови авантури и ќе учи по пат. Водолијата е природен лидер, па затоа и ја користи оваа карактеристика за да направи позитивна промена. Па, доколку сакате да ја задржите Водолијата во својот живот, погледнете без што таа никогаш не би можела да живее!

Таа е една навистина фасцинантна девојка. Почнувајќи од нејзиниот тотално „откачен“ поглед кон животот и продолжувајќи со нејзината голема информираност од областа на политиката, ова е девојка која ќе ве избезуми и нема да можете лесно да ја декодирате. Секоја претставничка на овој хороскопски знак е различна. Ниедна жена-водолија не потсетува на друга. Таа има тенденција да биде непредвидлива, либерална, слободоумна, а честопати и малку ексцентрична.

Неретко за овие жени луѓето мислат дека водат боемски начин на живот, а тоа може да се забележи според нивниот необичен вкус за музика или стил на облекување. Токму нејзината уникатност е причината поради која оваа девојка ве привлече во првиот момент кога ја запознавте, а сега не можете да престанете да мислите на неа. Па и не морате, бидејќи заведувањето водолија, е предизвик кој ќе сакате да го прифатите.

Неа не ѝ е грижа дали ќе ја поддржувате во она што го прави, ниту пак ќе ужива доколку ѝ доделувате разни комплименти. Таа е безгрижна девојка на која не ѝ е гајле што другите луѓе мислат за неа, а уште помалку ѝ е гајле дали начинот на кој се однесува вади некого од такт.

Таа смета дека треба да ја поседува слободата да го живее животот кој избрала да го живее, а истата слобода им ја овозможува и на луѓето во нејзиниот живот. Верува дека секој човек треба да прави што сака, сѐ додека со своите постапки не повредува некој друг. Нејзиниот отворен ум, ѝ овозможува да гледа пошироко на светот околу себе, па поради тоа е и многу добродушна личност, која ги разбира чувствата на другите луѓе. Нејзината хумана страна ја тера отворено и страсно да ги покажува и сопствените емоции.

Кога ќе ѝ пристапите на некоја водолија, одберете да го направите тоа на некој неконвенционален начин. Размислувајте покреативно и дефинитивно избегнувајте го очигледниот начин на флертување, бидејќи така сигурно нема да го привлечете нејзиното внимание. Употребете ја вашата смисла за хумор, за да ѝ се допаднете на оваа ексцентрична девојка.

Доколку успеете да измамите насмевка на нејзиното лице или ако забележите дека клима со главата додека ѝ зборувате, тоа е знак дека сте на вистинскиот пат кон освојување на нејзиното срце. Ако успеете да ја однесете на прв состанок, големи се шансите дека таа е заинтересирана за вас. Ниедно место и ниедна локација не е премногу радикална за водолиите. Нејзиниот бунтовнички дух посакува да види нешто кое никогаш не го видела до сега, ниту чула за него, а кое може да биде и малку непристојно.

3 нешта без кои ниту една жена Водолија не може да живе

1. Слобода да оди каде сака, во кое било време

Водолијата е воздушен знак, па затоа е и многу желна за надворешна стимулација. Таа е свесна за својата внатрешна моќ и не постои ништо на светот што може да ја сопре во своите намери. Таа е полна со живот и сака да ги држи нештата под своја контрола. Затоа и мора да внимавате да не ја згушите, бидејќи без доволно воздух, нејзиниот пламен ќе згасне.

2. Авантури зад секој агол

Оваа жена е свесна за својата сила, но исто така и точно знае што сака. Таа е голем визионер, па неретко без размислување создава нешто сосема различно од другите околу неа. Таа има сопствена мотивација и инспирација, па лесно ги надминува тешките предизвици и брзо расте и еволуира во личност на која сите се горди. Монотонијата ја убива.

3. Независност и слободен ум

Водолијата мора да биде слободна за да се чувствува добро. Таа се плаши од врзување во секој поглед. Токму затоа и често менува работни позиции и долго време ѝ е потребно да се одлучи на брак, бидејќи се плаши дека интимната близина со партнерот може да ја згуши. Тоа е и причината поради која си има прибежиште – тајно место каде што сама ќе се одмори од секојдневниот стрес и ќе ги наполни батериите за нова тура предизвици.