Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од еден до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер.
Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. Во недела и понеделник се очекува зголемена облачност со локални врнежи претежно од снег.
Во последните денови од оваа 2018 година ќе имаме претежно стабилно и суво време додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначитален пораст но ќе бидат околу просекот за овој дел од годината, односно времето ќе биде сончево, повремено со мала и умерена облачност додека во сабота и повторно во понеделник ќе дува засилен ветер од северен правец.
Во сабота има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, повторно услови за локални слаби врнежи претежно од снег ќе има во понеделник.
За време на новогодишната ноќ ќе имаме променливо облачно време со услови за локално слабо провејување на снег.
Во првите денови пак од новата 2019 година има можност за сосема кратко затоплување на времето пас следува повторно заладување, одсега гледано позначителни врнежи не се очекуваат.