Искрено писмо до жената која го растури мојот брак: Ако го гледаш како последен воз, симни се на првата станица

Една изневерена жена одлучила да напише искрено писмо до жената која го растурила нејзиниот брак.

Не спомнувала имиња, но прецизно опишала многу детали, така што сигурно можела да се препознае.

– Си оставила својата маскара во автомобилот на мојот сопруг. Кафеава боја, марка „Covergirl“. Си оставила и нешто облека. Фрлив се. Си го оставила и својот градник. Носиш 36B. Јас носам 34C. Градникот ти мирисаше на алкохол.

Мојот сопруг неодамна симна неколку килограми. По 15 години пекол за мене и децата, конечно престана да пие. Купи нов автомобил иако за тоа не се договоривме, но знаеш што? Онаа голема куќа во која живее и се останато… јас поседувам половина од тоа!

Се надевам дека си свесна што ќе добиеш. Ќе добиеш средновековен маж, без скршена пара во џеб.

Доколку имаш деца, а мислам дека имаш зашто една вечер кога ние не бевме дома, си заборавила кеса полна сладолед и слатки, наменети за децата, сигурно не за него, зошто никогаш го немам видено да јаде такви работи, треба да го знаеш следното.

Тој е тип кој лесно троши пари и уште полесно влегува во долгови. Бев во ситуација кога сум морала да идам во народна кујна за да ги прехранам своите деца, поради неговите долгови. Среќно со него!

Мој совет ти е, немој да се мажиш со него. Тој е себичен во кревет, себичен во животот и само ќе те искористи. Многу веројатно е дека повторно ќе почне да пие, а неговиот однос кон парите ќе те одведе во банкрот. Мене тоа два пати ми го направи.

Ми изгледаш како интелигентна девојка која има потенцијал. Верувам дека во овој период од животот се обидуваш да се најдеш себе. Сакам само да знаеш дека заслужуваш многу повеќе. Тој е неспособен да се предаде пред кој било и верувај ми, нема да биде ништо поинаку ниту со тебе.

Иако сум ти благодарна за сè, сепак ти замерувам за тоа што ми го направи. Да се има емоционална и физичка врска до нечиј сопруг не е солидарно кон останатите жени и не е фер. Доволно е тешко да се одржи стабилна врска во денешно време, а замисли како е кога и трета личност ќе влезе во приказната. Затоа ти советувам веќе на ниедна жена да не ѝ го направиш ова, а се надевам дека нема ниту тебе да ти се случи истото.

Неговото семејство ќе те мрази, верувај ми, тоа е група на чудаци, а ако тоа не ти е доволно, запамети дека е по малку глупав и дека поради него ќе имате мног проблеми.

Ако си нормална личност, ќе го сфатиш ова на вистнски начин. Тој е се, но не е слободен маж. Се што сака е само да има секс со тебе, затоа што знае, ако се разделиме, дека ќе остане без ништо. Ако го гледаш како последен воз, симни се на првата станица зашто нема да те однесе никаде, освен во пропаст.