Ќе ги пуштат за Нова Година: Мијалков и Камчев излегуваат од „Шутка“

0

СЈО одлучило да дозволи осомничените во случајот „Империја“ да бидат пуштени од затворот „Шутка“ и останат во куќен притвор, пишува „Макфакс“.

Со ова, наместо во ќелија, дома ќе седи ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, заедно со бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески кои се осомничени во случајот „Империја“ на СЈО.

Истрагата „Империја“ којашто денеска ја отвори Специјалното јавно обвинителство повторно во фокус ја става мрежата бизниси во чиј центар е поранешното пријателство меѓу Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Другите луѓе што СЈО ги именува како опфатени со истрагата пријателски или роднински се врзуваат со нив или во некоја точка од времето соработувале со Мијалков или со Камчев.

Во текот на денешниот или утрешниот ден Апелацискиот суд ќе одржи јавна седница по жалбата за притворот на Орце Камчев, кој е еден од осомничените во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.

Од Апелецискиот суд за МИА изјавија дека во текот на денов ќе знаат точно кога ќе се одржи јавната седница.

Камчев има поднесено жалба на притворот со гаранција од околу 14 милиони евра.

Во меѓувреме, како што пишуваат дел од медиумите, Специјалното јавно обвинителство побарало мерката притвор за Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и други осомничени во „Империја“ да се замени со куќен притвор. Од СЈО засега нема потврда на веста.

Според пишувањата, истото се очекува да се случи и со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски обвинети во случајот „Титаник“.

Одлуките треба да ги донесат судиите во Апелацискиот суд и Основниот суд Скопје.

Претходна статијаТажно и трагично: Ја посвоиле, па откако добиле свое дете ја вратиле назад во Домот
Следна статијаИскрено писмо до жената која го растури мојот брак: Ако го гледаш како последен воз, симни се на првата станица