Норвежанка добила азил во Полска од премиерот Моровјецки за да не и ја земат ќеркичката

Силија Гармо е првата Норвежанка, која се иселила од земјата поради лошиот систем на социјална заштита.

Силија со нејзината 23 месечна ќерка заминала да живее во Полска , зашто се плашела дека во Норвешка ќе и ја одземат ќеркичката.

Таму социјлните власти сметаат дека жената не може да биде добра мајка и и се заканувале дека ќе и го одземат девојчето. Силија е ќерка на познат норвешки политичар побегнала во Варшава , откако добила закана од социјалните служби во Норвешка.

Од таму велат дека жената води хаотичен живот , зема таблети и страда од хроничен замор. Таа вели дека ништо од тоа не е точно и дека социјалните работници и упаднале во станот без најава , но откако веќе избегала.

Нејзината 13 годишна ќерка Фроја , останала во Норвешка со поранешното момче на Силија.

За заштита на нејзините мајчински права , лично се заложи полскиот премиер Матеуш Моровјецки , под чија иницијатива силија добила азил во земјата.