Дарко Лазиќ со еден потег прво ги шокираше, па ги налути фановите ФОТО

0

Српскиот фолкер Дарко Лазиќ се опоравуваше на бања по тешката сообраќајка во која за малку ќе настрадаше.

Лазиќ изгледа многу поразлично , пред се физички. Изгубил доста килограми , така што вели дека ги има килограмите како на почетокот на кариерата. За српските медиуми тој вели дека наскоро целосно ќе се опорави.

Следната година очекува да му се роди дете од 19 годишната девојка Марина, иако официјално не е разведен од сопругата Ана Севиќ.

Пејачот однеодамна е во Младеновац, на Институтот за рехабилитација “Селтерс”, а фотографијата на Дарко Лазиќ, која се појави на Инстаграм, предизвика шокантни реакции, па бура од негодувања и коментари.

Имено, Дарко се фотографирал во маичка со натпис “Живеј брзо”! Иако веројатно дури и не обрнал внимание на она што му пишува, многумина коментираа дека пејачот кој преживеал страшна сообраќајна несреќа испраќа погрешна порака со овој потег и жестоко го осудија за тоа.

„Живеј брзо,…“ – беше девизата на идолите од хипи ерата од крајот на 60-ите и почетокот на 70-ите години на минатиот век… Но токму поради таа девиза, музичките ѕвезди како Џенис Џоплин, Џим Морисон, Џими Хендрикс, Марк Болан, Сид Вишоус… за жал, животот го завршија пред 30-тата година!

Претходна статијаНово значително намалување на цените на горивата во Македонија
Следна статијаНорвежанка добила азил во Полска од премиерот Моровјецки за да не и ја земат ќеркичката