Овен
Потрудете се да остварите добра соработка со другите, немојте да се нервирате за тоа којшто зборува. Секако, ако постои начин да го израдувате партнерот направете го тоа, не дозволувајте се да се врти околу вас.
На работа одлучете кои работи ќе ги работите. Не нервирајте се ако не можете се да постигнете, направете план за следната недела. Тоа би ви било најпаметно.
Бик
Не дозволувајте проблемите дома да влијаат на другите сфери од вашиот живот. Кавгите со љубовен партнер, родител, цимер или со вашето дете, лесно може да ве направат непродуктивни на работа или негативно настроени. Бидете постабилни и контролирајте ја лутината.
Близнаци
Забавувајте се со пријателите и партнерот. Одете до некое кафуле.Чистете го домот, посебно средете ги документите. Секако, може да прочитате и некоја добра книга или вашето омилено списание. Одморете се.
Рак
Чувствата ќе ви попречуваат во донесувањето на решение и ќе ја замаглуваат вашата проценка, а ова посебно важи за врската. Бидете внимателни и избегнувајте темпераментни реакции и детски расправии. Не ја префрлајте вината врз партнерот без објективно да ја погледнете ситуацијата. Ако нешто ви пречи, оладете и анализирајте ги работите пред да се впуштите во напад. Хуманоста ќе ве натера да ги искористите сите расположливи средства за да помогнете некому.
Лав
Имате доста креативна енергија, затоа потрудете се да ја употребите на адекватен начин. Ве очекува голема заработувачка. Чувствувате потреба да ја остварите животната цел. Послушајте го внатрешниот глас кој ви кажува кој чекор треба да го преземете.
Девица
Целосно сте позитивни, а доколку не успеете да го искористите тоа, може многу да изгубите. Што и да правите, одлично се чувствувате. За доброто расположение морате да се заблагодарите на внатрешната хармонија и сознанието дека некој ве поддржува.
Вага
Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.
Шкорпија
Работите не се секогаш такви како што изгледаат на прв поглед, завртете се околу себе и проценете дали некој ви работи зад грб. Бидете суптилни, не донесувајте избрзани одлуки, бидејќи тие би можеле да се свртат против вас. Само мирно и концентрирано, единствено таквиот пристап може да ви го донесе она што го сакате и со кое полесно ќе ги остварите целите.
Стрелец
Изгледате самоуверено и сакате да ги покажете своите способности на секој можен начин. Доколку сакате да се разликувате од другите, бидете креативни. Позитивната енергија насочете ја целосно кон партнерот. Ве очекува успешен ден, но и желба за доминација. Уживате во докажувањето на сопствените вредности.
Јарец
Напнати се, но тоа е само во првата половина на денот, притисокот ќе попушти попладне. Обидете се да се опуштите со пријателите и одморете се. Не се нервирајте за небитни работи, а ако можете отидете на кратко патување. Имате многу идеи, многу работи кои треба да ги направите, но никако да почнете со извршувањето. Обидете се да мислите на иднината.
Водолија
Ќе бидете исполнети со ентузијазам и мотивирани да сработите што повеќе. Денес ќе бидете експерти за хармонична комуникација и преговарање, па закажете што повеќе бизнис средби или одржете силна презентација. Вечерта енергијата ќе ви опадне и нема да сакате да го напуштите својот дом. Најисполнети и најзадоволни ќе се чувствувате покрај семејството.
Риби
Контактите кои ќе ги остварите во Јануари, ќе бидат многу важни за вашата иднина. Ќе одлучите позитивно прашање поврзано со недвижен имот. Обидете се да им се посветите на пријателите. Немојте да размислувате за тоа што другите мислат, бидејќи некогаш навистина и не е важно тоа, сконцентрирајте се на некои свои идеи и поминете време во рекреација денес. Здравјето бара внимание – имате потреба од спорт.