После години одложување, наследникот на легендарната Лада Нива треба да се појави наредната 2019-та. Информацијата не е нова, но сепак кога и да се слушне одново покренува лавина реакции. Прототипот беше претставен на Авто саемот во Москава, овој Септември.
Еден куп информации, повеќето шпекулации, меѓу кои најмногу се истакнува онаа дека таа ќе биде поставена на платформата на Duster, но со мотор од АвтоВАЗ. Како причини за ваквиот избор се споменуваат докажаната издржливост но и задржувањето на прифатливо ниво на цената која сега изнесува 548.900 рубљи, односно 8.000 евра.
Конструкторите на Лада интензивно работат на подобро ослонување и нови системи за сопирање и управување. Изолацијата на кабината треба да биде далеку подобра, како и опременоста – се споменуваат воздушни перничиња, клима уред, електрични ретровизори, загревање на предните седишта…
НОВАЯ НИВА ( LADA) русские научились делать машины
Публикувахте от Русские из Germany в Петък, 21 септември 2018 г.