Драма со среќен крај: Ракетата Сојуз по хаваријата принудно се врати на Земјата

Американско-рускиот екипаж на вселенското летало Сојуз безбедно изведе итно враќање на Земјата кратко по лансирањето на ракетата во рамките на планираната мисија на Меѓународната вселенска станица.

Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) соопшти дека имало проблем со засилувачот на ракетата по полетувањето од космодромот од советско време во Бајконур, Казахстан.

Сојуз се одделил од засилувачот пред враќањето на она што НАСА го нарекува ,,балистичко спуштање”, што значи дека имало поостар агол од нормално, поради што екипажот се соочил со посилна гравитација.

Од НАСА велат дека спасувачите стигнале до екипажот, астронаутите Них Хејг и Роскосмос Алексеј Овчинин, по нивното приземјување во Казахстан, и двајцата се во добра состојба.

Поврзани вести