Холивудски актер со потресна исповед: Тригодишниот син ме спаси од пропаст

0

Легендарниот актер Мајкл Џ.Фокс, кој боледува од Паркинсонова болест раскажува како се спасил од алкохолизмот.

Мајкл Џ. Фокс , познат по бројните улоги , меѓу кои и во серијалот ,, Враќање во иднината” кој имал 29 години , кога му ја дијагностицирале болеста , раскажува како се спасил од алкохолизмот.

Тој , за да заборави колку е болен , почнал непрекинато да се опива . Но , еден ден неговиот три годишен син го нашол онесвестен со лименка пиво во рацете. Од тогаш престанал да пие. Тој за списанието Closer Weekly раскажува за теѓкиот период од животот.

,, Пиев за да ја заборавам болеста и да ја избркам што подалеку, но само предизвикував напнатост во сопствениот брак.”

Фокс (57) во 1988 се ожени со актерката Трејси Полан (58) со која има четири деца. И покрај проблемите Трејси остана покрај Мајкл и му помага да ја надмине болеста.

,, Редовно вежбам, пијам лекови и внимавам претерано да не се уморам. Но, ништо од тоа не правам за да ми биде утре подобро, туку зашто сакам да ми е подобро денес.” , објаснува славниот актер.

Претходна статијаПоранешната сопруга на Дарко Лазиќ веќе не можеше да молчи – распали по обвинувањата
Следна статијаКејт Мидлтон одговори на гласините за кавгата со Меган Маркл (ВИДЕО)