Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ веќе не можеше да молчи – распали по обвинувањата

0

Ана Севиќ, поранешната сопруга на Дарко Лазиќ се огласи откако во медиумите излезе веста дека таа му забранува да си ја види четиригодишната ќеркичка.

– не е точно тоа дека му е забрането на Дарко да ја види Лорена, по разводот му реков вратата му е отворена. Бабата на Лорена се грижи за неа, има 50 не 80 како што се пишува. Ние заедно го воспитуваме детето и тоа се невистина, вели таа.

Таткото на Дарко Лазиќ, Милан Лазиќ ја обвини Ана Севиќ за неверство и жестоко удри по неговата поранешна снаа.

„Може да се лути кога се пишува лошо за неа бидејќи ја боли вистината. Зборува дека е во добри односи со нас, но тоа не е точно. Таа не е во контакт со нас,а во јавноста се труди да се покаже различно. Го изневеруваше мојот син и тоа сите го знаат. Да беше вистинска жена немаше да се разведат. Сите знаеме кога и колку. Тоа не треба да се зборува. Се срамам од неа“ вели Милан и додава:

„Јас не се слушнав со внуката. Слушнав дека патува по светот. Таа е злобна и опасна жена. Ја толериравме поради синот, не сакаваме да му правиме проблеми“.

Тој објасни дека ја побарале Ана за да ја видат внуката меѓутоа дека пејачката го променила бројот.

„Нејзината мајка ни прати порака дека детето не е кај нив. Тие знаат дека Лорена ќе ми се израдува кога ќе ме слушне. Она е моја сила и сите ја сакаме и се радуваме, а нека и е срам на Ана што ни забранува да ја видиме. Само мојот син да оздрави, па се ќе ви како што треба“ вели свекорот на Севиќ.

Според зборивите на адвокатот, Ана Севиќ планира да ги тужи родителите на Дарко.

„Точно е дека Ана ќе ги тужи родителите на Дарко. Како адвокат на госпоѓицата Ана Севиќ ќе повторам она што го пративме до сите редакции. Сите кои ќе објват неточни информации ќе мора да се соочат со судски постапки и да одговараат за последиците. Исто така е во овој случај. Секој ќе одговара кој ќе се обиде да го наруши угледот и неточните информации, како и говор на омраза против Ана Севиќ“ изјави адвокатот на пејачката.

Пејачката Ана Севиќ израснала со мајка и Даниела. Таа и нејзиниот татко немале контакт цели две децении, а тој дури и не ја видел како изгледа како бебе, туку за прв пат ја запознал како возрасна девојка.

Иако за тоа многумина ја обвинуваат нејзината мајка, очигледно е дека семејните недоразбирања се надминати, бидејќи сега Видан и неговата наследничка имаат одлични односи.

-Ана и нејзиниот татко Видан не се познаваа цели 20 години и немаа никаков контакт за сето тоа време. Мајката на Ана како млада забременила од Видан и со бебето во стомакот дошла во главниот град. Се говорело дека тоа дете е негово, но никој не можел тоа да го потврди, бидејќи тоа била само попатна врска. Тие немале било какви планови за во иднина, се случило она што се случило и толку.

Се ширеле разни гласини, по што оваа приказна се заташкала. Многумина од нејзините блиски, мајка и на Ана ја обвинувале дека нејзиното дете ќе расте без татко. Потоа, таа одлучи да се оддалечи од дома, па почнала нов живот во Белград и наскоро се омажила, раскажал еден добро упатен извор и додал:

“Видан основал свое семејство во Ужице, станал многу почитуван во градот, сите за него ималесамо пофални зборови. По професија е претприемач и има градежна фирма. Со неговата сопруга добил ќерка Маја и имаат хармоничен брак и семејство. Соседите велат дека со Ана се сретнале за прв пат кога таа се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Тогаш за прв пат дошол во контакт со неа и сега тие се во постојана комуникација. Се чини дека оние 20 години не направиле непремостив јаз. Ужице е мал град, па кога Ана стана пејачка, се прочу, сите дознаа и така тоа тргна…“.

Сега Ана и нејзиниот биолошки татко Видан се во одлични односи.

-Постојано доаѓал во Белград кај Ана и Дарко кога тие живееле заедно. Дарко му се допаѓал, а особено поврзан е со нивната ќерка Лорена и таа е секогаш му се радува кога ќе го види. Тој е човек кој не сака јавно да се експонира и да дава изјави, тврди изворот.

Претходна статијаДевојчето со кибритчиња – приказната од нашето детство
Следна статијаХоливудски актер со потресна исповед: Тригодишниот син ме спаси од пропаст