Розета Арсова е една од нашите најпознати Тв новинарки, долги годии заштитно лице на Македонската радио телевизија, од времето кога беше ТВ Скопје, до денес.
Арсова е лик кој не се заборава. Таа е мајка на познатата водителка на дневникот на Сител, Славица Арсова и се гледа дека мајка и ја научила до перфекција да води така тешки емисии во кои се бара врвна умешност.
Јасно се гледа од кого Цаци ја наследила убавината, но и правилната дикција и држењето пред камера, што се вели, крушата под круша паѓа.
Розета на својот Фејсбук профил не е многу активна, а она што го споделува се емисиите на својата ќерка Славица Саци Арсова и нејзината емисија „Детектор“, на ТВ Сител, и се гледа дека таа е многу горда на својата ќерка.
Но, уште нешто кое Розета го има споделено е една слика со нејзините драги колеги од МРТВ со кои очигледно дека се собрале по долго време.
Сликата, која ја споделила како спомен од може да се забележи и Татјана Стојановска, Билјана Дебарлиева, Александар Деловски…
Потоа на оваа средба на сликата биле и легендите: Ленче Смилевска, Лилјана Крстева, Благоја Крстевски…
Тука е и Александар Деловски, но и Атанас Ковачевски, познатиот новинар и поранешен портпарол на ЕВН, кој ненадејно почина во 2020 година.
Атанас беше омилен меѓу колегите, а приказната на оваа слика која е весела за времето кога е сликана е всушност тажна бидејќи Розета напишала:
Ни фалат Ница и Ацко, тажно.