Врчак објави слика од својот дом опуштен во када со џакузи: Ваков не сме го виделе (ФОТО)

0

Раде Врчаковски- Врчак беше еден од нашите најпопуларни рапери. Неговите песни „Пред да заспијам“, „И повторно сам“ и многу други беа мега хитови, а и денес се пеат.

Врчак, заедно со Тамара и со Адриан Гаџа беше и на „Евровизија“ во 2008 година во Белград.

Врчак, по стапките на татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски студираше медицина, а паралелно и музика, на познатиот американски музички колеџ „Беркли“.

Неговиот талент е несомнен, но сите се прашуаа зошто се повлече од музиката? Неговиот колега и пријател Роберт Билбилов лани ја заскокотка јавноста со една објава.

Роберт објави слика од Врчак, која е стара и на неа напиша дека нешто се наговестува. Фановите по оваа објава помислија дека Врчак се враќа на сцената, но ништо од тоа.

По долго време, Врчак минатата година сподели објава на Фејсбук. Станува збор за негов постар пост кој го реобјави.

„Пак ке кажам никогаш во живот не сум навредил никој дури ни во мислите додека не дојдов од оваа тема. Песни се песни приказни, фантазии, комедии, напишани од влијание на општеството во кое сме растени“, напиша Врчак.

-Новата песна ја направив потикнат од иснстирања на неизброени, неизброени пораки кои ми стасале од луѓе само во последните неколку години со молења да правам нови песни.

Новата песна ја направив на смеа и со огромна радост, а целта на новата песна е да се привлече внимание на се сите теми кој се опфатени во воведот на самата песна, а се од важност за секој човек да ги чуе барем еднаш во животот.

-Јас си живеам супер стерилно, несакам да се експонирам многу многу, и несакам да ми се меша никој во приватноста. Мајка ми ми вели “многу си убав сине, чувај се, ќе те ур очи некој”.

Јас се смеам на ова ама вистина е дека поубаво е помирно да си живее човек и затоа приватноста си ја делам само со сите најблиски.

Во целосниот вовед на новата песна, кој трае речиси два часа, раскажувам и за сè приватно а интересно што се случуваше во изминатите години, и сè на што работев.

Ќе излезе и книга на оваа тема во Америка, книгата е со наслов I LOVE YOU BABY, а научните откритија се дел од книгата.

Направив и скратена ebook верзија од книгата која е сега за сега само за кај нас во државата, и може секој да ја најде на www.iloveyoubabybook.com. На англиски е книгата затоа што е американска.

Јас не ни знам што се случува во Македонија и на македоската музичка сцена, ама луѓе практично постојано ме молат да правам нови песни затоа што велат нема музика во државата, велат “тапа е сè”, со тие зборови“, рекол Врчак во интервју за Женски магазин, и додал:

-Животот е преубав, топење во насмевки и најубави чуства, животот е речиси бесконечна љубов секој ден може да се каже, тоа сме и ние, а под тоа индивидуална е до секој човек перцепцијата за животот, општо во сооднос со средината во која секој човек живее“.

Тој на крајот од минатата година сними нова песна и имаше доста коментари на социјалните мрежи, а неодамна имаше објавено неколку негови слики од Маврово.

-Да ужива во животот човек мора да е здрав, а да е здрав човек мора да се грижи за своето тело и да внимава на исхраната и на физичката активност.

Јас речиси цел секој ден цел живот џогирам наутро, а обожавам и да пешачам, како пердув лесео и преубаво си се чустувам во телото и тоа чуство на секој му го посакувам.

Да се пешачи секој ден на чист воздух препорачува секој доктор.Да се пешачи повеќе место да се возат коли…

Татко ми и кога беше генерален директор на Државна Болица и кога имаше државен шофер да го носи на работа, одбиваше со кола да го возат со цел да си пешачи и да даде пример на сите доктори, барем докторите да се грижат повеќе да имаме чист воздух. Од татко ми оваа љубов ми е наследена“, изјавил Врчак.

Сега, тој објави уште една своја интересна слика, во када. Врчак си ужива во топлата бања, о када со џакузи, во својот дом и покажа како се релаксира, а под оваа објава тој напиша:

-Mmmmmmmm…. Beautiful me. Како на бебе е мазна кожата на речиси 100% plant-based начин на исхрана.“

Претходна статијаКипро мој -се распарчивме човечки јас и мајка ти, но во бело и со песна те испраќаме
Следна статијаСе огласи скопскиот манекен Мио „Академија“, и потсети на едни убави времиња