Се огласи скопскиот манекен Мио „Академија“, и потсети на едни убави времиња

0

Со модна ревија во хотелот „Лимак“ во Скопје, се одбележаа 20 години од првата Модна недела во Скопје – Fashion Week Skopje Macedonia.

Како и пред две децении, на модната писта зачекорија некои од најубавите македонски жени, поранешни мисици и манекенки, но и мажи модели, кои долго време не се дел од модната индустрија кај нас.

Ревијата, како и пред 20 години, и сега ја организираа Мики Црнокрак и Милорад Цајиќ со нивните агенции „Модното студио Црнокрак“ и „Кворум моделс“.

На ревијата модели од носеле манекени и манекенки кои и тогаш пред 20 години учествуваа на таа прва Модна недела, одржана во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

На модната писта се појавија Светлана и Мики Црнокрак, Сани Богдановска, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчрвска, Армандо Чаволи, Коки Лондза и многу други.

Тие биле испратени со громогласни аплаузи кои не пресанувале во текот на целиот настан од многубројната публика која ја исполни големата сала на хотелот, дојдена да го испрати овој навистина голем и гламурозен моден настан

Откако се одржала опваа модна ревија, на Фејсбук, статус напиша менџерот Милорад Цајиќ- Цајо, кој бил во организацијата на овој настан.

Цајо на свиојот Фејсбук профил објавил своја фотографија од овој настан и напишал: Претседател, основач и организатор на 20 години Fashion Week Скопје Македонија.

Познато е дека Мио Ристиќ, познат градски лик е еден од првите манекени кај нас и модни менаџери, а многумина го паметат и како сопственик на култниот клуб „Академија“.

И тој се огласил на Фејсбук по истиот повод и напишал:

– А знаете ли дека првиот FASHION WEEK се одржа во 1981 година во организација на Мио РистиЌ? Меѓу уесниците од приватниот сектор се:

Кројач Ангелковски, бутик КЛУБ 77, бутик Димо, фризерскиот салон Веронија, чевларот Младен. Ова е првата искра на капит ализмот во Македонија.

Водителка е Розета Рајчиќ, а ревиите ги работеа најдобрите манекенките од ЈУ простори меѓу кои се познатите имиња како Лиљана Тица, Нина Газибара од Словенија и други.

Розета Рајчиќ е инаку Розета Арсовска, едно од нашите најпознати ТВ лица, која долги години е заштитно лице и глас на Македонската радио телевизија.

Нејзина ќерка е Славица Цаци- Арсовска, новинарката од телевизија Ситрел, која ТВ „занаетот“ го учела од својата мајка и личи на неа.

Претходна статијаВрчак објави слика од својот дом опуштен во када со џакузи: Ваков не сме го виделе (ФОТО)
Следна статијаОвој наш новинар успеа да ѝ се доближи на Лепа Брена, покажа како изгледа вистински од блиску (ВИДЕО)