Кипро мој -се распарчивме човечки јас и мајка ти, но во бело и со песна те испраќаме

0

Дваесет и тригодишниот студент на право Кипријан Папајоану, од Авгуро крај Амохост на Кипар, нас трада при железничката несреќа кај Темпи, Грција, која се случи на 1-ви март оваа година.

На неговото испраќање, присуствуваа Претседателот на Кипарската Република со голем број владини претставници, а опелото беше испеано од Митрополитот на Лемесос Атанасиј, во сослужение со повеќе свештенослужители.

Додека сите роднини и пријатели беа облечени во бело, испраќајќи го Кипријан на неговиот пат кон небесата со таговна радост, надгробно слово одржа неговиот татко, свештеникот Христодул, пренесува Бигорски манастир.

„Не знаев дека ќе има толку народ, јас никогаш не сум се нашол пред толку многу народ. Благодарам и би сакал така, татковски, да кажам неколку зборови за Кипријан.

„Каде ќе бидеш за Сирната недела, сине?“, го прашав. „Ќе одам со мојата Христина на Андрос, за да се помолиме и да го земеме благословот на света Марина“. „Нека е благословено, сине, да одите, внимателно и со арно да се вратите“.

Ова беше последниот разговор што го имав со син ми Кипријан, преку пораки. Во вторник утрото ми ѕвони за да ми каже: „Поминавме многу убаво, се израдувавме духовно, во нашиот сакан манастир“. „Слава на Бога!

Како ќе се вратите, сине, во Солун? Со авион или со воз?“. „Ќе одам со воз, поевтино е, ќе заштедам. Ќе учам по пат, за да не губам време. Треба да завршам, тато, зашто ме чекаат обврски, како што знаеш“. „Ајде, сине, одете, а ние сме покрај вас“.

Зборуваше за обврски, бидејќи имавме закажано да ги венчаме со неговата сакана Христина на 27 август…“

Вторник вечер, 28 февруари годинава. Утре почнува пролетта, први март. Само што беше стигнала твојата вереница Христина, после полноќ, беше исплашена. „Кипријан не ми одговара“ – ми рече – „Јас дојдов со авион, а Кипро со воз. Ах, тој воз. Нешто се има случено“. „Чекај, ќерко, да видиме што се случило“.

Навистина, побарав на интернет и најдов дека нешто се случило, некој судир во близина на Темпи, кај Лариса. Си велам, дали е можно…

Чекај, да побараме. Боже, помогни, да не е нешто сериозно. Боже, детето мое, син ми… Јас сум татко, ги имам моите деца што ги сакам премногу, но, си велам во себе – и поп сум, ја совршувам бескрвната Жртва за целиот свет, така што не можам да мислам само за своето дете.

Но, си велев: „Боже, помогни им на сите, но пази го и син ми, да не му се случи нешто“. Помислата ми се смути: „За што да се помолам, Боже мој?“.

Нес реќата била стр аш на, почна да се слуша за упокоени. „Боже… Немој син ми!“ Но, пак нешто од внатре ми вели: „А, зошто не син ти? Другите се помалку вредни од син ти?“ Ми прок рв ари срцето и душата… „Ако му е време да си оди, кој си ти да кажеш поинаку, штом Бог така промислил?

Дете ми е, го сакам, но не е само мое дете – најпрвин и над сè е дете Божјо, кое Ти, Боже, ми го довери да се грижам за него, да се претвори, колку што е можно, во икона на Твојот Син, Господ наш Исус Христос, колку што е можно“. Така си велев во себе.

Ние со попадијата се погриживме нашите деца да се причестуваат непрестајно. Немаше една Литургија, а Кипријан да не се причести со пречистите Таинства, во сите денови до денес, еднаш или двапати неделно, а во Четириесетницата дури и на Претходноосветените.

Забележав дека во него се имаа развиено некои дарови што Бог му ги даваше. Имаше една кротост, беше полн со желба за живот, беше еден чувствителен човек. Беше голем воздржник, додека јас не сум воопшто таков, така што тоа не го доби од мене, туку му беше дар – се задоволуваше со многу малку нешта. Се интересираше за сè, сакаше сè да научи, но истовремено неговата врска со Бога беше врска на акривија – не си попушташе на себе си.

Во мојата куќа направив еден параклис на свети Нектариј и го поставив него за одговорен уште од мало дете, од осум години, и никогаш не се јави потреба да му направам забелешка. Се грижеше и без да му речам, кандилото на светителот беше секогаш запалено, а олтарот секогаш чист.

Доаѓаше и со мене започнуваше разговор за духовни прашања, што ми оставаше впечаток. Како може толку мало дете да има такви недоумици? Кога имаше десет години сакаше да му се разјасни зошто Бога Го нарекуваме Троица, како е можно Три да бидат Едно.

Постеше од шест годишна возраст, без роптање и никогаш не го доведуваше тоа во прашање – постот како да беше играчка за него. Имаше толку големо воздржание, што и јас, како што ви кажав, земав пример од него. Штом Кипро мој може да пости толку и да јаде многу малку, и јас одлучував да јадам многу малку, но не успевав. Слава на Бога! – велев – Бог го просветува…“

„Сине мој, по човечки се распарчивме и јас и мајка ти, и браќата и сестрите ти: Ева, Јоан, Андреј, Нектариј и малата Марина – која има само шест години и имаше роденден вчера – а и сите што те знаат и што те сакаат. Но, човечкото изминува. Ти влезе во светлината и како таков треба да те гледаме.

Во бело облечени те жалиме денес и со молитвата празнуваме. Од осум часот вчера, сине, пееме за тебе, тука е и твојата сакана, пееме и не се наситуваме од слухот. Од манастирот на света Марина го доби потстригот во читач.

Завчера го видов повторно видеото и се наежив, си реков: од света Марина, девствената великомаченица, доби да бидеш читач и да ги читаш свештените книги, но од света Марина го доби – одејќи си оттаму – отпустот за Небото. И ти како девственик и читач во хорот ангелски.

Бог да ти ја упокои душата, сине мој, во Земјата на живите. Вечен ти спомен! Спомнувај нè и ти, таму каде што си! Амин.“

Извор: Бигорски манастир

Целиот текст и видеото, можете да ги погледнете ТУКА

Претходна статијаМиа Костова одговори кој е таткото на нејзиниот син: Еден презгоден дечко од 2 метра, личи на Андрија
Следна статијаВрчак објави слика од својот дом опуштен во када со џакузи: Ваков не сме го виделе (ФОТО)