Ведрана ја раскажа љубовната приказна со Андрија, поради неа се преселил во Скопје и ги откри плановите за мажење

0

Ведрана Ѓорѓевиќ која јавноста ја запозна како модел, до скоро ја водеше емисијата „Г карпет“ заедно со Миро Кацаров на „Канал 5“.

Ведрана за себеси вели дека е спортски тип, и приватно никогаш не се облекува како во студио и на јавни настани.

Кариерата на ТВ ја започна како презентерка на временската пргоноза, а овој анагажман соврешно се вклопи со нејзиното име- кога времето е ведро.

Она што малкумина го знаат за Ведрана е дека има завршено безбедност, има лиценца за брокер, за туристички придружник, а работи и како маркетинг агент.

Со манекенство почнала од 17 години на првата Модна недела која во тоа време се одвиваше на Скопски саем, но повеќе работела како модел и снимала реклами и каталози.

Вели, во секој случај е убаво искуство но не се живее во Македонија од манекенство. Се уште работи како модел и често пати се случува да снима реклами.

Ведрана Ѓорѓевиќ која наполни 35 години, е во топ-форма и импонира со својата висина од 183 см, елоквентност и атрактивност.

Минатата година, кога прослави 34 роденден, Ведрана на Инста објави видео од Малдивите каде што одмараше со својот дечко. На романтичната снимка, Ведрана со дечкото ужива на рајска плажа.

Вљубените чекорат прегрнати по вода, а Ведрана на една од снимките ја покажа тетоважата на грбот.

Водителката се врати од одмор на Бали со својот сакан. На романтично место, таа го прославила својот 35. роденден со Андрија Антиќ.

За „Еспресо“, таа ја раскажа својата љубовна приказна со Андрија, и сите впечатоци од Бали.

-Првпат сум на Бали, но сигурно не и последен“, раскажала Ведрана Ѓорѓевиќ, а потоа додала:

Белите песочни плажи, изобилие на овошје, зеленчук и храна со многу зачини, како и насмеани лица на кои главна цел им е да те угостат и да го направат твојот одмор незаборавен е нешто што не се заборава и за кое се враќа уште многу пати на Бали.

Иако повеќето пријатели и познаници мислеа дека ќе „падне запросување“ не беше така и се радувам, заради тоа што веројатно Андрија ме познава подобро од тоа да ме запроси на некое толку очигледно место.

Може тој и подобро од тоа“, раскажала Ведрана, а потоа се отворила за својот дечко. Андрија е инаку од српскиот град Пожаревац, а сега заедно со Ведрана живее во Скопје.

За него, таа кажала дека е диџеј, продуцент, визионер, артист и креативец.

Не можам да кажам дека уште веднаш имав симпатии кон него, затоа што во тоа време беше во врска, бевме само пријатели. Но после една година повторно дојде во Македонија, Охрид, и од тука почна цела приказна, сѐ другото е историја хаха.

Кај него најмногу ја сакам добрината и смиреноста, сѐ може и ништо не мора. Сѐ е полека, стабилно и смирено. Сѐ што јас не сум ,хаха“, открива Ведрана.

Не знам кој е точниот одговор на прашањето дали се замислуваме во брак наскоро, затоа што јас мислам дека веќе сме ….бракот за мене не е потпис на ливче хартија, туку сосотојба на умот и душата.

Состојба во која сакаш да поминеш најмногу време со оној кој го сакаш и почитуваш, се грижиш за неговото физичко и ментално здравје, за неговата кариера исто како да е твоја“, изјавила Ведрана за дечкото.

Не сум размислувала дали и како би правеле свадба, но сигурно ако ја има ќе биде необична“; раскажала Ведрана за идните планови.

Претходна статијаВесна Петрушевска која прослави роденден, раскажа кој го избркал мажот кој ѝ се допаѓал и зошто веќе не ѝ се јавил
Следна статијаМарија Шерифовиќ ѕирна под сукњата на Вики Миљковиќ, имаше што да види (ВИДЕО)