Весна Петрушевска која прослави роденден, раскажа кој го избркал мажот кој ѝ се допаѓал и зошто веќе не ѝ се јавил

0

Моќта на трансформација во сите можни уметнички форми и говорењето на адекватен уметнички јазик се императив во нејзиното беспрекорно портфолио.

Како и за легендарната Мерилин Монро која токму таа успеа да ја оживее на сцена на еден неповторлив и единствен начин, за неа важи девизата дека е подобро е да бидеш апсолутно смешен, отколку апсолутно досаден.

Жената која создаде сопствена стратегија на свој личен идентитет кој живее заедно со неа низ годините и допира до луѓето на еден мошне непосреден и искрен начин…

Миленичката на македонската публика, генијална актерка, дрска стенд – ап комичарка, одличен вокал, беспрекорен водител.. Вака во едно интервју Фешнел ја опиша Весна Бејби Петрушевка, нашата позната актерка.

– Не знам како се снајдов во улогата на мајка. Ова е клише што ќе ти одговорам но, мислам дека клишето знае да биде и племенит одговор.

Не е едноставно, мислам дека најголемата одговорност, на еден родител е да израсне чесно, воспитано, добро дете. Тоа е најтешката задача во нечиј живот, да бидеш, родител и да ги издржиш сите искушенија кои што ти се испречуваат на патот.

Имало многу сопнувања, сум имала подеми и падови, знам да бидам многу строга во однос на тоа кога се работи за училиште, да барам од нив можеби повеќе од што треба, но нема да излажам дека јас друг живот освен работа и Кирил и Мина немам.

Некако и многу свесно го одбрав патот дека доволна ми е приказната со нив, можеби самата си пресеков дека не треба да се занимавам со други работи, иако јас сум многу голем поборник за љубов, за нешто што сакам да го истерам како приказна до крај.

Се од тој аспект оставам само да си дојде и да си пројде, зошто со сила убавина не бива. Се трудам да ги учам моите деца дека животот е суров и дека може да ти донесе непредвидливи ситуации со кои што мораш да се справиш.

Тие се од малечки учени на вистина и само вистина, дури и понекогаш си велам зошто сум толку жестока со таа проклета вистина но, ако нешто успеам во животот да ги научам тоа е да не лажат, тоа ми е основната мисија, барем кај мене во животот.

И да ти одговорам на прашањето, како се снаоѓам како родител, ќе кажам само дека никој не се родил да биде родител, учам да бидам родител“, раскажа Бејби во ова интервју.

Весна Петрушевка слави роденден, и верувале или не, таа полни 53 години, а во духот е секогаш млада и позитивно расположена. На стори на Инста, нејзини ученици од актеркста школа и го честитале роденднот.

Весна во една прилика, кога имала настап раскажала нешто многу интересно за својот живот, а ова е објавено во Женски магазин.

Најдобриот другар на Весна Бејби Петрушевска, Игор Џамбазов има заштитнички однос со својата колешка и другарка и се случува да ѝ ги избрка дечковците, раскажа актерката на нејзиниот стендап настап, во Скопје во „Станица карпош“.

-Јас и другарка ми Вики му станавме „групи“ на Игор.

Имам 52 години, и како тинејџерка сум му уште најверна обожавателка, во први редови сме.

Бевме на неговиот настап на „Виноскоп“, отидов таму и му викам: „Имам симпатија. Дојде Илина, а тој ѝ го претставува човекот до мене: Ова е шоферот на Весна.

Јас му велам, каков бе шофер? И од тогаш човекот не ми се јави“, раскажала Петрушевска пред неколку месеци.

Претходна статијаМими од „Ѕвездите на Гранд“ ќе стане мајка- успешно ја криеше бременоста, а сега објави детали
Следна статијаВедрана ја раскажа љубовната приказна со Андрија, поради неа се преселил во Скопје и ги откри плановите за мажење