Ване Маркоски ептен расположен во друштво на оваа наша пејачка, заедно на забава (ФОТО)

0

Ване Маркоски го знаеме како еден од нашите најпознати водители и новинари со години наназад и последниве години тој ја води утринската програма на Македонката телевизија и води исто така емисија на македонското радио.

А тој во една прилика, има изјавено дека својот мир го наоѓа во селото Требовле над езерото Козјак, и има кажано дека таму го го поминува својот најубав одмор досега.

Во Женски магазин, во една прилика, Ване раскажал оваа планинска авантура сосема ги сменила неговите размислувања за животот.

„Тука кога ќе дојдам времето некако ми застанува. Главно пешачам по планините тука, медитирам, читам книги, готвам цело време.

Ја користам секоја секунда од денот да се опуштам, да наполнам батерии, да се посветам на својата душа и енергија кои некаде ги забораваме низ градскиве гужви“, раскажува Маркоски.

Требовле, додава тој, е прекрасно планиско село, изолирано речиси целосно од цивилизација, со само 6-7 постојани жители. Се наоѓа во Порече, веднаш над езерото Козјак, на околу 1000 метри надморска височина.

Она што според него го прави посебно е боровата шума наоколу, вистинска воздушна бања и двата извори со ладна и питка вода.

„Тивко е, посебно и мистично. Има многу животинки и природа, секако и шумски плодови и доста билки. До селото се стасува по фин асфалтиран пат, има неколку викендици.

Но, самата местоположба и изолираноста на целиот Поречки крај од Скопје, поради патната инфраструктура, го прави изолирано и тивко. Во близина е врвот Фојник, од каде се гледа езерото Козјак и голем дел од Поречието.

Освен пешачењето до овој врв има уште неколку убави патеки низ шумата кои те водат до интересни места“, открива водителот за својата авантура.

Од секогаш сѐ нешто сум очекувал. Ајде да се случи ова, па ова и да почнам да живеам. Ќе дојде и ќе помине тоа што си го очекувал, а после некое време сфаќаш дека “проблемите” не исчезнале.

Тие се тука, само биле прикриени привремено. Се навраќаш со спомените на некои убави моменти споделени со твои блиски, каде што имало и часови недоразбирања и караници и си викаш: Зошто? Па едноставно е.

Во нашата човечка природа е да не знаеме да сме благодарни на универзумот за тоа што го имаме во моментов, за тие мали нешта по кои некогаш ќе жалиме.

Поминав турбулентен период, но не за џабе велат, сѐ е за арно, ако ти така го сфатиш и прифатиш тоа, па затоа сега сум благодарен не на секој нов ден, туку на секоја нова секунда од животот, на секоја нова промена, на сѐ што ми се случува.

Додека сѐ нешто очекуваме, животот поминал додека трепнеш. Па само колку луѓе во светов денес се разбудиле, појадувале, пиеле кафе и тргнале на работа, а по пат им се случило несреќа и нивниот живот завршил?

Ете затоа е важно да сме концентирани на сегашниот миг и благодарни на сѐ што имаме и ни се случува во моментов“.

Од сегашната перспектива на Ване, кога ќе се сети како размислувал порано, вели дека мора да признае дека е изненаден позитивно од промените низ кои минува. Престојот на планина му бил показател за тоа, објави Женски магазин.

Пејачката Елена Петреска објави слика од неа и од Ване, како заедно уживаат на забава во Струга. Ване е среќен и насмеан во друштво на својата пријателка која напишала: Најдобрата забава до сега!

Претходна статијаМиа ја раскажа целата приказна, што ја натерало да му помогне на малиот Никола од Скопје
Следна статијаГолема тага го обележа животот на Јонче Христовски, легендата немаше лесен живот