Голема тага го обележа животот на Јонче Христовски, легендата немаше лесен живот

0

Легендата на македонската народна музика Јонче Христовски е роден во Битола, во 1931 година, а за жал се упокои во Скопје, на 15 април во 2000 година.

Јонче беше истакнат македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народен дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет.

Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката.

Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните.

Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.

Се прославил со својата песна „Македонско девојче“ од 1964 година, чии препеани верзии се појавиле на англиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик“, стои на Википедија.

Впечатливи му биле и изведбите на песните: „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“ и многу други во извонредно богатиот репертоар.

Како најзапаметени и највпечатливи негови песни кои сè до денес се своевидни химни меѓу македонскиот народ, со огромна популарност се песните „Едно име имаме“, „Ако ум-рам ил загинам“, „Ој, Вардаре македонски“, „И ние сме деца на Македонија“’, „Мој роден крај“, „Куќа имам на Пелистер“ и многу други.

Член бил на ансамблот „Танец“ како пејач и играорец, каде како кореограф изработил и создал кореографии за неколку ора, меѓу кои и Калајџиското Оро.

Како одговорен за народната музика во ТВ Скопје, ја иницирал серијата „Распеани градови“ (1974), еден од најзначајните проекти на тогашната ТВ Скопје.

Во 2002 година во Скопје е основан ансамбл за народни песни и игри кој го носи неговото име, a македонско културно уметничко друштво со неговото име постои и во Германија.

Инаку, два концерти во чест на легендарниот пејач и композитор Јонче Христовски ќе се одржат на почетокот на април во земјава.

Првиот е закажан на 4-ти април во Центар за култура Битола, а пак вториот на 5-ти април во Национална опера и балет Скопје, со почеток од 20 часот“, објави Фокус.

Хитовите на Јонче ќе ги изведат Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче и Горан Кукиќ, Петар Младеновски- Пеце од „Суперхикс“, Душко Георгиевски, Агни Авшар и Елена Андоновска, во придружба на Камерен оркестар Битола.

Јонче беше легенда, иако животот му го одбележа една тажна приказна. Имено, во скопскиот земјотрес во 1963 година се упокоила неговата сопруга, и тој како самохран татко останал да се грижи за своите две ќерки.

На сопругата и ја посвети песната ,,Животе мој”, во која пее за нивната силна љубов, но и за неср-еќата што останал без неа.

За ќерките Невена и Олгица, негови колеги раскажуваат дека биле центарот на неговиот живот, на кои им била и татко и мајка.

Ги водел со себе на настани, се грижел ништо да не им недостига во животот. Според последните информации, Невена останала да живее во Скопје, додека пак Олгица се преселила во Канада“, пишува Фокус.

Претходна статијаВане Маркоски ептен расположен во друштво на оваа наша пејачка, заедно на забава (ФОТО)
Следна статијаВо снежна авантура како да е млада девојка- Светлана Црнокрак пак изненадува (ФОТО)