Тој е нашиот најромантичен диџеј- ваква љубовна порака ретко кој маж јавно пишува

0

Познатиот македонски диџеј Маријан Петровски- Мац, откако почна пандемијата со вирусот, и откако престанаа забавите по локалите и клубовите ѝ се врати на својата примарна професија.

Имено, тој е лаборант, и дека ѝ се враќа на медицината, тој објави на својот Фејсбук профил. Додека чекам да дозволите музика НЕ СЕДАМ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ.

Се пријавив во лабораторија да го работам она што го работев 9 години. Вадење кр -в и испитување (вие што не знаевте). Дали музика или медицина јас пак сум со вас и за лошо и добро. ВЕ САКА ДИЏЕЈ МАЦ“.

Сега, тој работи и како лаборант и како диџеј и супер му оди, а супер му оди и во љубовта. Претходно, тој напиша уште еден отворен статус:

Први сте во кафаните, кафичите и дискотеките. Први сте да ви свират со виолина или дувачки инструмент на увце, први сте да ви застане пеjачот до вас и пее до вас, па онда следи сториња еден тон како пее до вас застанати.

А ВИЕ СРЕЌНИ НАСМЕАНИ ПЕЕТЕ СО НЕГО. Први сте за журка на диџеј, па со телефонот нарачка од јутуб МОЖЕ ЛИ ОВАА. први сте за ЗАБАВИ ОД НОЌЕН ЖИВОТ НЕЛИ?

Лепите пари од што уживате и ви е најубаво ,па нарачки песни за меракот ваш, па први сте да скрш ите чаша на џурџевдан или кренете раце горе на јака хаус трака.

Ама сега сте први дека ние сме срам, не чиниме, ние сме брука .. Ние сме без осет, ние сме виновниците за вирусот .. па уште што не сме најлошото.

Извинете што имаме фамилии, извинете што имаме некој талент или дарба за музика, извинете што го сакаме она што го работиме, а секако ВИЕ повеќе уживате додека ние го даваме најдоброто од нас.

И на крај кога ќе заврши ова Вие пак ќе трчате први во горе наведените места и ќе се фалите како го знаете пеачот или диџејот.

А ние пак преку музика ќе ви ја наполниме душата и ќе отидете дома со уште една не заборавна вечер во вашиот живот!

Едит. И додека бевте во карантин НИЕ ОД ДОМА ВЕ РАСПОЛОЖУВАВМЕ ПРЕКУ МУЗИКА И ПРАВЕВМЕ ДА ВИ Е УБАВО.“, рече диџејот.

Тој е еден од нашите најпозитивни јавни личности. Додека траеше пандемијата, секогаш на Фејсбук објавуваше колку оздравени од вирусот има.

Тој е голем љубител на велосипедизмот и често на Фејсбук објавува слики како вози велосипед. Но, последното возење не заврши убаво за Мац.

Тој за жал падна и се пов реди, но тоа на шеговиот начин го објави на социјалните мрежи:

-Ако сме реални знам да пад нам како што треба“. Потоа, им се заблагодари на сите пријатели што го прашале за здравјето. Сега, отакко им се врати на клубските настапи, тој е повторно диџеј.

Диџеј Мац има причина за славење и за радување, а тоа е седум месеци љубов со неговата девојка Татјана. Ретко кој маж се осмелил да напише вакво нешто за неговата сакана, а Маријан тоа го сторил.

-Живели за денес 7 месеци. Денес мислев од поклон .. да ти подарам неколку зборови.

Ти благодарам што си дел од мојот живот и секојдневието … ти благодарам за се што имаме и поминуваме !!! Поминуваме време кое е наше .. и го делиме со разбирање и почитување.

Најсреќниот човек сум јас … што се будам секое утро покрај тебе и што знам дека имам поддршка за се што правам и сакам

Нека ни се множат деновите, месеците и годините Мојата желба е да напишам и да ти посветам нешто за нас .. на нашите 77 години.

До тогаш … те сакам и ќе те сакам со цело мое срце“, стои до пораката која Маријан ја напишал за Татјана.

Претходна статијаГорда на својот сакан, еве какви новости сподели Антониа Гиговска од Роберт
Следна статијаСаша Ковачевиќ проговори за бракот со Зорана Таcовац, која е бивша на Богдан Срејовиќ: Јас сум оженет човек!