Горда на својот сакан, еве какви новости сподели Антониа Гиговска од Роберт

0

Минатата гиодина, пред да објави дека е бремена, пејачката Антониа Гиговска објави слики од забавата која ја организираше Бекстејџ, каде што дошла во долг тесен сребрен фустан со отвотребн грб и супер изгледала.

Но, на истата забава бил Иван од „Либеро бенд“ нејзиниот поранешен дечко. Тој бил на истиот настан со неа, но на сцената.

Толку блиску, а толку далеку, Антониа и Иван не можат да се избегнат еден со друг никако.

А, инаку според информациите на „Убавина и здравје“, парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.

Шпекулациите за нивниот раскин започнаа уште пред неколку месеци кога двајцата престанаа да споделуваат нивни заеднички фотографии и видеа на социјалните мрежи, но потоа двајцата сето тоа го демантираа летово со нивниот заеднички одмор во Турција.

Да, вистина е дека Иван и Антониа не се повеќе заедно. Но, она што е најважно што тие останаа во добри односи.

Не верувам дека ќе се дружат и ќе пијат зеадно кафиња после се, но важно останаа во „ок“ односи, потврди нивни заеднички пријател за магазинот минатата година.

откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, вели дека изминатиов период поминала низ убави и лоши моменти, но сè уште искрено верува во љубовта.

За Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него. Гиговска, која е еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи.

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата. Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг.

Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.

Потоа, медиумте пишуваа дека трето лице е причината за нивното раскинување, а тоа е неговиот најдобар другар Роберт, а на оваа тена, Иван говореше во Бекстејџ.

– Јас не сакам да коментар за тоа што е вистина и што не е вистина. Тоа се зборува и низ градот, тоа и мене ми го кажале многу луѓе. Јас ќе се повлечам, нема да коментирам ништо, нема да загрозам ничији пат.

Времето ќе си покаже , на секој Господ ќе му го покаже патот“, рекол Иван. „Јас не сум зломаптило, јас сум човек што остава да се случуваат работите“, рекол Иван.

Во јанураи годинава, токму на нејзиниот роденден, Антониа од зимскиот одмор на Копаоник, објави дека е бремена, и дека со Роберт Спасенцовски ќе имаат бебе.

Роберт е син на пејачот Боби Спасенцовски, кој изјави дека откако синот му се верил, тој доби уште една ќерка.

Гиговска е многу горда на својот сакан, и таа тоа јавно го покажува и го докаува, како пред неколку месеци кога покажа дека е бремена, така и сега.

Антониа ја сподели нова песна на својот Роберт кој пее под уметничкото име Џокер, а песната се вика „Такси“, и откако ја споделила, таа ставила емотикон со срце.

Претходна статијаЕве во каква романтика ужива Марија, сестрата на Натали Грубовиќ, која живее во Канада- овој човек ѝ го освои срцето
Следна статијаТој е нашиот најромантичен диџеј- ваква љубовна порака ретко кој маж јавно пишува