Сопругата на Јодан Митев е вистинска убавица, нивната љубовна приказна е како на филм (ФОТО)

0

Во 2017 година, напиот познат пејач Јордан Митев со своите следбеници на Фејсбук сподели дека ќе се жени, и оваа убава вест пред сите ја објави на овој начин:

– ЕТЕ МАЈКО РЕШИВ ДА СЕ ЖЕНАМ… Почитувани фанови,мојата љубена кажа ДА. Од толку многу свадби што направив време е една свадба и за мене. Поздрав до сите и таму каде што нема Господ нека дава на сите!

Во една прилика, Митев гостуваше на Тв Сител, и водителката го праша токму за неговиот љубовен живот, го праша дали е романтичен, а пејачот одговори: Што пишувам љубовни песни, и мислам дека сум солиден.

Мислам дека тоа сопругата треба да го каже“, откри пејачот.

Инаку, моминското презиме на Славица е Митреска, Македонка родена во Австралија, со која бил врска околу една и пол година пред да се ожени.

Свадбата се одржа во Македонија во 2017 година, со сите обичаи, од собирање дома кај младоженецот до адетите за земање на невестата.

Иако уживаше во свадбената веселба, Митев, сепак, реши и самиот да им запее на гостите, напишаа медиумите тогаш.

-Во 2017-та правев свадба во Македонија, со сите адети. Мојата избраничка е Македонка, родена во Австралија.

Промените во животот се нормални и добро е да се случуваат,тоа значи дека човек живее и дека оди напред во животот. Секако дека наоѓам време за се.

Сега за сега, фала му на Бога , добро течат работите, а се надевам дека така и ќе остане. Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија,често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму.

Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот. Но,знаете како, не е се само во стандардот. Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш…

Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде. Но,на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам .

Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен,стебло и гранки.Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз.

Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен.

Меѓудругото, мојата кариера се движи по добар пат и се надевам дека така ќе остане уште многу години.Затоа , јас со мојата сопруга останувам овде.

За среќа, таа има разбирање и се надевам така ќе остане“, објаснил Јордан за Радар.

Славица, сопругата на Јордан многу не се експонира во јавноста. Но, нејзините слики кои се достапни на Фејсбук, може да се забележи дека станува збор за многу атрактивна дама.

Таа на една слика го има покажано местото каде што живела во Австралија, убавиот поглед на плажа и на палмите каде што уживала. Но, нема ништо поубаво од љубовта, па Славица сето ова го оставуила за да биде со својот сопруг во Македонија.

А, тоа колку Славица е вљубена во својот сопруг, кажува фактот дека речиси секоја профилна слика ѝ е со него.

Додека некои жени сакаат да се сликаат сами, Славица е на сите слики гушната со својот Јордан.

А на последната нејзина профилна слика, таа целата блеска, сликана е со Јордан на некој свечен настан.

Без сомнеж, Славица секогаш била убава жена, но според новата слика може да се заклучи дека е ептен разубавена, а љубовта е можеби една од причините за тоа.

Претходна статијаВикторија Лоба се пофали каква домаќинка е, блазеси му на Ѓорѓи со ваква жена (ФОТО)
Следна статијаСе отвори Даниел од Ѕвездите на Гранд и ја кажа целата вистина за неговиот живот во Париз